Сретеново

село во Општина Дојран

Сретеново — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.

Сретеново

Воздушен поглед на селото Сретеново

Сретеново во рамките на Македонија
Сретеново
Местоположба на Сретеново во Македонија
Сретеново на карта

Карта

Координати 41°10′50″N 22°43′32″E / 41.18056° СГШ; 22.72556° ИГД / 41.18056; 22.72556
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Население 344 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1487
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06027
Надм. вис. 150 м
Сретеново на општинската карта

Атарот на Сретеново во рамките на општината
Сретеново на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед Сретеново и Стар Дојран, кои денес се буквално споени едно со друго

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција и се спушта до брегот на Дојранското Езеро.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри.[2] Селото се наоѓа на југозападниот дел на Дојранското Езеро, кое е речиси споено со административниот центар на општината, Стар Дојран. На 1,5 километар се наоѓа македонско-грчката граница.

Низ селото поминува регионалниот пат 1105, кој завршува на самиот граничен премин.

Најјужниот дел на атарот на селото е оддалечено 57,15 километри од Солунскиот Залив и со тоа е најблиска точка на Македонија до некое море.[3]

Историја

уреди

Подрачјето на Сретеново е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Мешино Брдо.[4]

Селото е основано од 29 српски семејства, кои биле колонизирани по завршувањето на Првата светска војна.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 15,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 719 хектари, на шумите отпаѓаат 509 хектари, додека на обработливите површини 209 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работи фабрички погон, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953106−32.5%
1961151+42.5%
1971136−9.9%
1981235+72.8%
ГодинаНас.±%
1991246+4.7%
1994268+8.9%
2002315+17.5%
2021344+9.2%

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 151 жител, од кои 72 биле Срби, 35 Хрвати, 28 Македонци, 8 Црногорци и пет жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 268 жители, од кои 142 биле Македонци, 62 Срби, 25 Роми, 11 Турци и четири жители Албанци.[2]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 315 жители, од кои 205 Македонци, 11 Турци, 36 Роми, 1 Влав, 29 Срби и 2 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 344 жители, од кои 246 Македонци, 10 Албанци, 8 Турци, 19 Роми, 43 Срби, 13 останати и 5 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 157 106 151 136 235 246 268 315 344
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи

уреди
  • Амбуланта
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Сретеново се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0385 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Стар Дојран.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 598 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[4][15]
  • Мешино Брдо — населба од доцноантичко време (всушност во Сретеново); и
  • Мрдаја — наколна населба од доцнобронзено и рано железно време.[16]
Цркви

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Сретеново

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 211.
  3. „Која населба во Македонија е најблиску до море?“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-05-01.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 106. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 мај 2024.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  14. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 1 мај 2024.
  15. Ова се археолошките наоѓалишта во атарот на селото, кои во литературата погрешно се сместуваат во Стар Дојран
  16. http://vecer.mk/kultura/novi-naodi-na-lokalitetot-mrdaja Архивирано на 5 март 2016 г. Откриени амфоровидни садови на локалитетот Мрдаја'

Надворешни врски

уреди