Ајранли

село во Општина Валандово

Ајранли — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Ајранли

Воздушен поглед на местоположбата на селото Ајранли

Ајранли во рамките на Македонија
Ајранли
Местоположба на Ајранли во Македонија
Ајранли на карта

Карта

Координати 41°20′45″N 22°31′49″E / 41.34583° СГШ; 22.53028° ИГД / 41.34583; 22.53028
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 034
Шифра на КО
Надм. вис. 300 м
Ајранли на општинската карта

Атарот на Ајранли во рамките на општината
Ајранли на Ризницата

Денес, од селото нема никакви видливи остатоци, освен т.н. „Тимова Чешма“, која се наоѓа на местото на некогашното село.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 209 метри. Се наоѓа северозападно од градот Валандово, меѓу селата Вејсели на југ и Терзели на северозапад.[2]

До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Пирава, до кое има асфалтен пат.

Историја

уреди

За време на отоманскиот период селото било познато под името Ахранли.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194846—    
195353+15.2%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 32 домаќинства со 73 жители муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ајранли живееле 175 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[5]

Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 53 жители, турско население.[2] Иселувањето на селото започнало уште пред Втората светска војна, кога населението на Ајранли значајно опаднало. Селото е наполно напуштено во 1950-тите со иселувањето на Турците од Македонија.

Според пописот од 2002 година, во селото Ајранли немало жители.[6] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 175 46 53 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Ајранли било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Ајранли се наоѓале селата Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калково. Покрај селото Ајранли, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Терзели, Вејсели и дел од селото Јосифово, што е всушност Калково.[11]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 9.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 14 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди