Белановце
Белановце или Белановци — село во Општина Липково, Кумановско.
Белановце | |
Координати 42°14′03″N 21°33′44″E / 42.23417° СГШ; 21.56222° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1325 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17008 |
Надм. вис. | 940 м |
Белановце на општинската карта Атарот на Белановце во рамките на општината | |
Белановце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северниот дел на општината, во сливното подрачје на Липковска Река. Лежи во планински предел, на надморска височина од 940 м. Атарот зафаќа површина од 9,4 км2, и на север се граничи со Косово (Општина Гнилане).[2] Како село од разбиен тип, Белановце се состои од маала, меѓу кои Дервишка, Саласка и Јашарска. Низ селото тече Белановска Река, која продолжува во југоисточен правец и добива други имиња со примањето на разни притоки, за да заврши како притока на Липковска Река.
Низ селото минува регионалниот пат од Опае со граниниот премин „Станчиќ“ (Р29272).
Историја
уредиПодрачјето на селото е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи гробот пронајден во наоѓалиштето околу селото.[3]
Во близина на денешно Белановце, веројатно од неговата јужна страна, се наоѓало средновековното село Архилевица, каде деспотот Дејан подигнал своја родова црква — задолжбина. Во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. царот Стефан Душан ги потврдува и дополнува даровите на Дејан во полза на црквата. Во Втората архилевичка грамота од 1381 г. синот и вдовицата на деспотот Дејан, Константин Дејанов и Евдокија, ја подариле црквата и нејзиниот имот на манастирот Хиландар во Света Гора.[4]
Во 1591 г. во селото е изградена црква „Св. Никола“.[2]
За време на Народноослободителната војна на 14 октомври 1941 г. крај селото е разбиен Карадачкиот партизански одред од страна на бугарски единици на 53. пешадиски осоговски полк и полицијата. Во селото стои споменик во чест на паднатите борци.
Стопанство
уредиБелановце има полјоделско-шумарско стопанство. Располага со 698,2 ха шуми, 137,9 ха обработливо земјиште и 40 ха пасишта.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Интересно е да се напомене дека на пописот од 1953 г. во селото имало 361 Турчин и само 53 Албанци. Ова се сменило во текот на 1950-тите, кога половината од Турците заминале, а на нивно место се доселиле Албанци, и со тоа станале приближно еднакви по бројност. Во следната деценија останале само 8 Турци, а сите други жители биле Албанци, за понатаму селото да стане чисто албанско.[6]
Според пописот од 2002 г. селото имало 7 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 407 | 415 | 330 | 241 | 55 | 11 | 12 | 7 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1941 година, родови во селото биле:
- Староседелските Турци не се забележани, доколку статистичките податоци се исправни.
- Доселеници: Асови (12 к.), Јашарови (7 к.), Салаови (15 к.), Џаферови (7 к.), Османови (6 к.) и Дервишови (7 к.). Сите потекнуваат од ист предок и од фисот Гаш. Најстариот предок на сите овие родови бил некојси Беле, кој дошол во селото како католик од северна Албанија. На ислам преминувале постепено во XIX век. Беле имал 6 синови. Во родот Асови се знае следното родословие: Ферат (жив во 1941 година) Бељул-Ајдин-Даут-Куртиш-Мамут-Асан-Беле, најстариот предок.[11]
Општествени установи
уреди- Селска џамија
- Основно училиште
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Белановце — гроб од доцноантичко време
Личности
уреди- Починати во Белановце
- Бајрам Шабани, народен херој
Иселеништво
уредиАлбанското население од ова село е иселено во Оризари, Орланци, Куманово, Турција, Скопје. Черкеско Село, Руѓинце.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 23. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 56 – 7, 168.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Белановце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)