Лепопелци

село во Општина Чешиново-Облешево

Лепопелци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Лепопелци

Воздушен поглед на Лепопелци

Лепопелци во рамките на Македонија
Лепопелци
Местоположба на Лепопелци во Македонија
Лепопелци на карта

Карта

Координати 41°54′7″N 22°12′39″E / 41.90194°N 22.21083°E / 41.90194; 22.21083
Регион  Источен
Општина  Чешиново-Облешево
Област Кочанско Поле
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2333
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13020
Надм. вис. 330 м
Лепопелци на општинската карта

Атарот на Лепопелци во рамките на општината
Лепопелци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Кочанското Поле, а во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 25 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој започнува од селото Ново Селани, каде во близина се наоѓа регионалниот пат 2342.

Историја

уреди

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамади недалеку од селото.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 308 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 44 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948135—    
1953138+2.2%
1961156+13.0%
197188−43.6%
198137−58.0%
ГодинаНас.±%
199117−54.1%
199418+5.9%
200217−5.6%
20215−70.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лепопелци живееле 140 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лепопелци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Власи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 други жители (веројатно Македонци) и 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало, во фаза на раселување, па така во 1961 година броело 156 жители, од кои 22 биле Турци, 21 Македонец и 113 жители неопределени. Во 1994 година имало само 18 жители, од кои 17 биле Власи, а 1 жител Македонец.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало 17 жители, од кои 8 Македонци и 9 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лепопелци:

Година Македонци Турци Роми Власи Ост. б.п. Вкупно
1948 135
1953 2 3 12 121 0 0 138
1961 21 22 113 0 156
1971 16 18 5 67 0 88
1981 10 0 0 27 0 0 37
1991 17 0 0 0 0 0 17
1994 1 0 0 17 0 0 18
2002 8 0 0 9 0 0 17
2021 0 0 0 0 0 5 5

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Лепопелци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.

Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Лепопелци, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0878 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Ново Селани.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 53 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Грамади — населба од доцноантичко време.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 176. Посетено на 4 јануари 2025.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 177. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  5. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2025.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  11. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 4 јануари 2025.

Надворешни врски

уреди