Шуто Оризари

Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.

Шуто Оризари
Shuto Orizari - P1090563.JPG

Улица во Шуто Оризари

Шуто Оризари во рамките на Македонија
Шуто Оризари
Местоположба на Шуто Оризари во Македонија
Шуто Оризари на интерактивна карта

Карта

Координати 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° СГШ; 21.4245611° ИГД / 42.0380111; 21.4245611Координати: 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° СГШ; 21.4245611° ИГД / 42.0380111; 21.4245611
Регион Скопски
Општина Шуто Оризари
Население 15.353 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25051
Надм. вис. 303 м
Шуто Оризари на општинската карта
Шуто Оризари во Општина Шуто Оризари.svg

Атарот на Шуто Оризари во рамките на општината
Commons-logo.svg Шуто Оризари на Ризницата
Бараки во населбата Шуто Оризари по Скопскиот земјотрес, подарок од САД, 1964

ИсторијаУреди

Кон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство.

НаселениеУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[2][3]

На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[4]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[2][5]

Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.

Според последниот попис од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[6]

Народ Вкупно
Македонци 481
Албанци 1205
Турци 49
Роми 13.201
Власи 0
Срби 34
Бошњаци 138
останати 245

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  6. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2020-08-27.