Самоилово
Самоилово — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Самоилово | |
Панорамски поглед на Самоилово | |
Координати 41°24′28″N 22°54′0″E / 41.40778° N; 22.90000° EКоординати: 41°24′28″N 22°54′0″E / 41.40778° N; 22.90000° E | |
Општина | Ново Село |
Население | 348 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 312 м |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Самоилово се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на надморска височина од 230 метри. Од најблискиот град Струмица е одалечен 25 километри
ИсториjaУреди
Самоилово е најмлада населба во Струмичкиот регион, основана во 1971 година од жителите на соседните села Бадилен (70 %) и Бајково (30 %).
Тоа го добило името според Цар Самоил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка од 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самуил и византиската на Василиј II[1]. Први жители и основачи на селото во 1971 година биле Костадин Митрев и Стојан Василев.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 348 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 345 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
Други | 1 |
Општествени установиУреди
Во 1996 година била изградена црквата „Св. Богородица“, а селската слава се одбележува на 28 август.
Училиштето ОУ „Мануш Турновски“ со работа во 1973 година, а новата училишна зграда датира од 1986 година. Селото е електрифицирано, има водовод, а во близина поминува реката Василица.
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 1790 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 302 гласачи.[4]
НаводиУреди
- ↑ Димка Митева. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26 и 46.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.