Сопиште

село во Општина Сопиште

Сопиштесело и административно седиште на истоимената општина, во областа Каршијак, под јужните падини на планината Водно. Сопиште е физички споено со градот Скопје, но не е негов составен дел поради неговиот рурален статус.

Сопиште

Поглед на село Сопиште од месноста Марково Крувче на Водно

Сопиште во рамките на Македонија
Сопиште
Местоположба на Сопиште во Македонија
Сопиште на карта

Карта

Координати 41°57′16″N 21°25′39″E / 41.95444° СГШ; 21.42750° ИГД / 41.95444; 21.42750
Регион  Скопски
Општина  Сопиште
Област Каршијак
Население 2.276 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25121, 25621
Надм. вис. 420 м
Сопиште на општинската карта

Атарот на Сопиште во рамките на општината
Сопиште на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото Сопиште

Селото Сопиште е сместено во јужниот дел на Скопската Котлина во областа Каршијак, во сливот на Маркова Река. Tоа е центар на истоимената општина и практично е приградска населба на Скопје. Сопиште е ридско село расположено на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри[2]. Сопиште е оддалечено 7 километри од центарот на Скопје. Низ Сопиште минува патот кој води од Скопје преку Нова Брезница за Поречје. Атарот зафаќа површина од 9,9 км2, од кои на обработливото земјиште отпаѓаат 652 ха, а на пасиштата 269 ха.

Историја

уреди

Селото Сопиште е доста стара населба во скопската област. Тоа се споменува во поменикот на манастирот Свети Георги - Горг Скоропостижник во Скопје во 1300 година под името Сопиштехъ, како село кое е подарено на манастирот од средновековниот крал Милутин[3]. Потоа селото Сопиште се споменува и во поменикот на манастирот во Матка од 1560-1570 година[3]. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Сопиште запишал дека е плодовито село со многу древности и писма и во него живеат добри селани кои имаат чудотворен црковен храм посветен на светиот великомаченик Мина кој накажал многу нечестиви, а дарил исцеление на многу добри луѓе[4]. За црквата зпишал дека е древна и ѕидана од српските цареви[4].

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Како едно од поголемите места на патот Скопје - Порече - Кичево во Сопиште постоел главниот ан, во кој патниците престојувале, преноќувале и одморале, а во анот постоеле големи дрвени „жлебови“ за вино во кои секој засебно можело да собере по 200 товари грозје[5]. На почетокот на XIX век, најдобрата селска земја започнале да ја присвојуваат Турци и Албанци, при што во Сопиште се основале 3 чифлизи на Сулишовци, Садиковци и Афуз-бег од Скопје[5]. Сулишовци и Садиковци од селото Седларево биле Албанци и живееле во Сопиште, правејќи големи злодела врз жителите- Македонци како уцени, убиства, кражби[5]. Во 1908 година со појавата на македонските комитски чети на ВМРО и донесувањето на „Хуриетот“ овие 2 албански семејства, плашејќи се од одмазда за своите злодела избегале во Скопје, а земјата ја распродале на селаните[5]. Истовремено земјата ја продал и Афуз-бег. Кон крајот на XIX век, во бурната 1878 година Сопиште било ограбено и опљачкано од „Дебрани“ (Албанци)[6]. Кон крајот на векот Сопиште и пошироката област била посетена од македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Според неговите записи од 1896 година селото Сопиште броело 40 македонски куќи сместени во подножјето на Водно на патот за Кичево и на 1 ½ час растојание од Скопје[7]. Во тоа време во непосредната близина на селото постоеле ѕидините на старата црква Свети Спас и стариот ан Ветрило кој некогаш бил главен ан на кичевскиот пат[7]. Токму меаната на овој ан, која служела како база на српските чети при преминувањето во Порече, во февруари 1907 година била запалена од војводата Васил Аџаларски.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

 
Глетка на дел од селото Сопиште со црквата Св. Мино

Потекло и значење на името

уреди

Околу потеклото на името на селото Сопиште јазичарот П.Скок сметал дека е изведено од глаголот (ст. слов.) сопсти, но не во значење на пеење туку на задишување[3]. Според тоа Сопиште означува тешко пристапно место во ридски предел до кое треба да се задиши човек додека да дојде[5].

Стопанство

уреди
 
Овци како пасат кај Сопиште

Поради поволната местоположба Сопиште отсекогаш имало развиен стопанско - економски живот. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, жителите на Сопиште се занимавале и издржувале со земјоделство, сточарство и овоштарство[7]. Со оглед на тоа дека селото Сопиште се наоѓало на патот Скопје - Кичево во него во тоа време имало и неколку запустени анови, кои порано работеле многу успешно[8]. Населението на селото Сопиште и денес се занимава со земјоделство и сточарство, особено со одгледување на градинарски култури (зелен и црвен пипер, домат, компир, кромид) и лозаро-овоштарство поради идеалните услови на ридските предели кои го опкружуваат Сопиште, а во помала мера и со одгледување на житни култури. Од сточарството најразвиено е козарството како и одгледување на домашни птици - живинарство. Голем дел од населението на Сопиште се занимава и со други секундарни и терциерни стопански дејности во градот Скопје, а во самото село работат и неколу фабрички производствени погони.

Крај селото се гради елитна населба Сончев Град, која ќе биде поврзана со селото со пат, а чија врска со Скопје ќе биде преку тунел низ планината Водно.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948690—    
1953793+14.9%
1961976+23.1%
19712.141+119.4%
19813.761+75.7%
ГодинаНас.±%
19915.548+47.5%
19945.554+0.1%
20025.325−4.1%
20212.276−57.3%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било со христијанско население и имало 24 христијански домаќинства . На овој попис биле забележани 92 мажи христијани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 1 муслиманско домаќинство, со еден маж муслиман. Се проценува дека селото во тој период имало 210 жители.[9][10]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 220 жители.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[12]

Во 1961 година селото Сопиште имало 976 жители, од кои 940 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 11 Срби и 22 останати.

Сопиште е големо село, коешто во 1971 година има 2.141 жител, а во 1994 година 5.554 жители, од кои 5.390 Македонци, 4 Албанци, 73 Власи, 38 Срби, 25 Роми и 24 други.

Според пописот од 2002 година, селото Сопиште брои 5.325 жители, од кои 5.255 Македонци, 1 Турчин, 11 Власи, 39 Срби и 19 останати.

Според конечните резултати од пописот во 2002 година, наведено е дека селото има население од 5.325 жители. Според Законот за Град Скопје[13], каде се утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото се намалило од 5325[14] на 1365[15]. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9 522 жители, паднало на 5.656 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.276 жители, од кои 2.093 Македонци, 17 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 7 Власи, 20 Срби, 18 останати и 119 лица без податоци.[16]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[17]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 690
1953 750 29 8 ... 6 793
1961 940 2 1 ... ... 11 ... 22 976
1971 2.101 5 1 ... 28 ... 6 2.141
1981 3.676 25 36 ... 24 3.761
1991 5.386 2 11 73 38 ... 38 5.548
1994 5.390 4 25 73 38 ... 24 5.554
2002 5.255 1 11 39 19 5.325
2021 2.093 17 1 1 7 20 18 119 2.276

Родови

уреди

Сопиште е македонско православно село, во селото има староседелски родови и доселенички.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото

  • Староседелци: Пометковци (9 к.) еден дел од нив се викаат Јовевци, Крковци (3 к.), Анчовци (1 к.), Ристовци (4 к.) и Стојчевци (4 к.) порано биле еден род- Мегленовци, Јанкуловци (7 к.) еден дел се викаат Митревци. Еден дел има и "Миновци"
  • Непознато потекло: Стаменковци (1 к.)
  • Доселеници: Богдановци (7 к.) доселени се, но не знаат од каде; Таневци (11 к.) доселени се од околината на Штип. Овде живеат од самиот почеток на XIX век. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 63 г. во 1950 година) Панче-Цветан-Јовче-Тане, кој се доселил во селото; Белевци (7 к.) доселени се од околината на Прилеп. Овде живеат од кога и претходниот род; Тасевци (7 к.) доселени се, но не знаат од каде; Бабунци (4 к.) доселени се од селото Богомила кај Велес. Овде живеат од кога и претходните доселени родови. Од Богомила се иселиле двајца браќа, едниот дошол во Сопиште, а другиот се населил во Драчево; Дуаревци (1 к.) доселени се од некое место на Мокра Планина. Некои велат дека се од Јаболци; Осинчани (3 к.) доселени се од селото Осинчани.[6]

Општествени установи

уреди

Во селото Сопиште работи деветгодишно основно училиште.

Самоуправа и политика

уреди
 
Зградата на Општина Сопиште.

Селото Сопиште е седиште на истоимената општина, создадена во 1996 година, кога произлегла од Општина Кисела Вода.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта[18]

Личности

уреди

Личности родени во Сопиште:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.278
  3. 3,0 3,1 3,2 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 г. стр.128
  4. 4,0 4,1 Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.80
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 г. стр.129
  6. 6,0 6,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет на Универзитетот Скопје, 1958 год
  7. 7,0 7,1 7,2 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.524
  8. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.370
  9. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  10. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  11. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. Службен весник 55/2004
  14. Попис на населението, 2002
  15. Општина Сопиште: население
  16. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  17. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 386. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди