Габровник
Габровник — село во Општина Чашка, во областа Азот, во околината на градот Велес.
Географија и местоположбаУреди
Селото е наоѓа во средното сливно течение на реката Бабуна, а под северозападната падина на планината Бабуна, каде што атарот се допира со територијата на Општина Долнени и северниот раб на Пелагонија. Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Велес, населбата е оддалечена 32 километри. Атарот зафаќа простор од 15,5 км2.[1]
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габровник живееле 225 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габровник имало 248 Македонци, од кои 152 под врховенството на Бугарската егзархија и 96 патријаршисти.[3]
Според пописот од 2002 година селото имало 9 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 225[2] | 248[3] | 140 | 142 | 45 | 19 | 8 | 6 | 1 | 9 |
РодовиУреди
Габровник е македонско село.
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Терзиовци (2 к.), Гаревци (2 к.), Спасеновци (1 к.), Марковци (1 к.) и Велевци (1 к.) потекнуваат од предци кои се доселиле во почетокот на XIX век од раселеното село Клетовник, на планината Бабуна, а кое географски припаѓало на прилепскиот крај; Попевци (4 к.) доселени се од некое место во Албанија, ги викаат и Албанци; Стојановци (1 к.) доселени се однекаде.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“, во урнатини
- Археолошки наоѓалишта
- Поповица — населба од римско време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Целосно се иселил родот Миновци, потекнувале од предок Влав. Селото највеќе имало околу 50 домаќинства. Но поради иселувањата родовите во селото многу се смалиле, или целосно иселиле. Главното иселување на населението било после Втората светска војна, и воглавно во правец на Велес и Скопје, таму до крајот на 1960-тите се иселиле по 15 семејства. Потоа иселеници имало во Војводина во селата Јабука и Качарево. Како и во прилепските села Браилово и Десово, каде се иселил добар дел од населението.[6]
НаводиУреди
- ↑ Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 55
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.