Југоисточен Регион

регион во Македонија

Југоисточен Регион — еден од осумте статистички и плански региони на Македонија.[1] Овој регион се наоѓа во југоисточниот дел на државата и се граничи со Бугарија на исток и Грција на југ и внатрешно со Вардарскиот и Источниот Регион.

Југоисточен Плански Регион
Регион
Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg
Грб
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во Републиката.
Земја Македонија Македонија
Површина 2,739 км2
Население 171,416 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 034
Oпштини 10
Седиште Струмица
Раководител Жулиета Ѓуркова
Контакт 034/ 340-139
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Регионот ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-Валандовската котлина, односно сливното подрачје на Струмичката река и долното сливно подраќје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Република Македонија.

Главен град на регионот е Струмица.

ОпштиниУреди

 
Карта на општините.

Во овој регион има 10 општини, и тоа:

  1.   Богданци
  2.   Босилово
  3.   Валандово
  4.   Василево
  5.   Гевгелија
  6.   Дојран
  7.   Конче
  8.   Општина Ново Село
  9.   Радовиш
  10.   Струмица

ДемографијаУреди

 
Демографска карта на регионот.

НаселениеУреди

Моментално оваа област има 171.416 жители.

Попис Население Промена
1994 167.941 н/п
2002 171.416 +3,13 %

Најголеми населени местаУреди

Ранг Населено место Население
1 Струмица 35.311
2 Радовиш 16.223
3 Гевгелија 15.685
4 Богданци 6.011
5 Валандово 4.402
6 Ново Село 2.756
7 Куклиш 2.532
8 Муртино 2.209
9 Василево 2.174
10 Банско 1.992

Етнички групиУреди

Најголемата етничка група во овој регион се Македонците.

Број %
Вкупно 171.416 100
Македонци 154,957 90.39
Турци 12,661 7.38
Срби 1,194 0,69
други 2,604 1.51

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. „Македонија и официјално поделена на региони“. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2010-11-01.