Оџовци

село во Општина Центар Жупа

Оџовци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Оџовци

Воздушен поглед на селото Оџовци

Оџовци во рамките на Македонија
Оџовци
Местоположба на Оџовци во Македонија
Оџовци на карта

Карта

Координати 41°29′12″N 20°33′46″E / 41.48667° СГШ; 20.56278° ИГД / 41.48667; 20.56278
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 94 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08003
Оџовци на општинската карта

Атарот на Оџовци во рамките на општината
Оџовци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

уреди

Оџовци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Црно Боци и зафаќа простор од 1,7 км2.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971132—    
1981184+39.4%
ГодинаНас.±%
1991228+23.9%
1994241+5.7%
2002220−8.7%
202194−57.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Селото е мало и во 1971 година броело 132 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 241 жител, од кои 231 Турци и 10 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Оџовци броело 220 жители, од кои 203 Турци и 17 Албанци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 2 Македонци, 10 Албанци, 64 Турчин и 18 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население [б 1] [б 1] [б 1] 132 184 228 241[б 2] 220 94
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Оџовци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Власиќи.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.[13]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 226.
  3. Панов, Митко (1993). Селата во Република Македонија: состојби, проблеми и можни правци во развојот на селската средина. НИО „Студентски збор“. стр. 124.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-22. Посетено на 22 јануари 2023.
Забелешки
  1. 1,0 1,1 1,2 Податоците за населените места Оџовци, Бајрамовци и Црно Боци, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Баланци.
  2. Податоците за вкупното население во Пописот од 1994 година за населените места: Баниште, Горно Косоврасти, Дебар, Кривци, Отишани, Оџовци, Селокуќи, Спас, Хаме и Џепиште претставуваат збир на фактички попишаното и проценетото население.

Надворешни врски

уреди