Уларци
- За велешкото село со сличен назив видете Уланци
Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Уларци | |
![]() Воздушен поглед на Уларци | |
Координати 41°51′32″N 22°15′51″E / 41.85889°N 22.26417°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Кочанско Поле |
Население | 289 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2333 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13042 |
Надм. вис. | 305 м |
Слава | Свети Константин и Елена |
![]() |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат е забележано како Уљарци, но и како Угларци во XIV век (1378 г.). Значењето веројатно доаѓа од старословенскиот истоимен збор кој означува „пчелар“, што се споменува и во грамотата на кралот Милутин од 1303 година, кога улјари биле чувари на манастирските улишта со пчели. Тие биле ослободени од сите должности кон кралот и црквата, со одредба за нивната материјална одговорност при евентуална штета. Меѓутоа, Уларци може да се изведе и од зборот „улар“ што означува отвор (меѓу кошницата за пчели и речната утока), што ова одговара на местоположбата на селото, бидејќи се наоѓа на местото каде што Злетовска Река се влева во Брегалница.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од десната страна на реката Брегалница. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 17 километри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од некогашниот регионален пат Кочани-Штип, како и од селото Чешиново. Во непосредна близина се наоѓа и клучката Крупиште на новиот експресен пат Штип-Кочани (А3).
Во близина на селото, а на самата атарска граница со соседното Жиганци, се наоѓа железничкото стојалиште „Злетовица“.
Историја
уредиВо 1912 година е забележан еден жител од селото како член на македонско-одринското ополчение.
На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на околу 40-тина лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 5,3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 468 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[3]
Во селото имало лупилница за ориз и услужни објекти.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 465, а во 1994 година 378 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало 366 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 289 жители, од кои 282 Македонци, 2 Власи и 5 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 144 | 208 | 334 | 351 | 465 | 503 | 516 | 427 | 378 | 366 | 289 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
уреди- Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци
- Дом на културата
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Уларци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Уларци, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Пишица. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0884 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 233 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Варвара“ — селска црква во изградба; и
- Црква „Руса Среда“ — манастирска црква.
- Манастири
- Уларски манастир — нов манастир
- Споменици
- Споменик на НОБ
-
Манастирската црква „Руса Среда“
-
Споменик во селото
Редовни настани
уреди- Слави
- Свети Константин и Елена — главна селска слава
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 190.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 307. Посетено на 10 јануари 2025.
- ↑ Павле Ананиев и др. (ур.) „Загинаа за да живеат 1941-1945“, Кочани, 1981, 97-104 стр.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јануари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 10 јануари 2025.