Општина Босилово
Општина Босилово — општина во Струмичко, Југоисточна Македонија. Седиште на општината е селото Босилово.
Општина Босилово | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Босилово | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Ристо Манчев | ||
Површина | |||
• Вкупна | 161,99 км2 (62,54 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 11.508 | ||
• Густина | 71/км2 (180/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +034 | ||
Регистарски таблички | SR | ||
Мреж. место | opstinabosilovo.gov.mk |
Општината Босилово се граничи со Општина Берово на север, Општина Василево на запад, Општина Струмица на југозапад и Општина Ново Село на исток.
Географија
уредиОпштината се простира на површина од 161,99 км. Сместена во југоисточниот дел на Република Македонија, со правец на протегање североисток - југозапад, распространета во средишниот дел во Струмичкото Поле, зазема значајно место во Струмичкиот регион. Низ нејзиниот средиштен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.
Општина Босилово се наоѓа на надморска височина од 250 метри, опфаќајки ги јужните падини на планината Огражден. Од север се граничи со Општина Берово, од исток со Општина Ново Село, југоисточно граничи со Општина Струмица, а западно со Општина Василево.
Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства.
Сите села кои егзистираат на територија на оваа општина се низински, со просечна густина од {{жкм2|95,4}}. Централна населба на општината е Босилово, во кое живеат вкупно 1698 жители, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината. Општина Босилово има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Се наоѓа на само 7 км од најголемиот урбан центар во Регионот, Градот Струмица со кој е поврзан со магистралниот пат М6, кој воедно ја поврзува општината граничниот премин со Република Бугарија. Со повеќето локални патишта таа е поврзана и со останатите населени места во регионот.
Хидрографска мрежа
уредиРека | Сливна
површина (км2) |
Должина
(км) |
Просечен
пад |
Пошуменост
(%) |
Турија | 45 | 7 | 4% | 15% |
Струмица | 380 | 9,5 | 1,1% | 15% |
Штука | — | 4 | — | 15% |
Иловица | 25,6 | 9,80 | 1,34% | 15% |
Историја
уредиОпштина Босилово како локална самоуправа била формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од 1963 година.
Стопанство
уредиДемографија
уредиНарод | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 13.649 | 95,71 |
Албанци | 0 | 0,00 |
Турци | 494 | 3,47 |
Роми | 24 | 0,17 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 6 | 0,06 |
Бошњаци | 0 | 0,00 |
останати | 83 | 0,59 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 12.353 |
муслимани | 619 |
католици | 959 |
протестанти | 67 |
останати | 262 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 13.609 |
албански | 0 |
турски | 616 |
ромски | 11 |
влашки | 0 |
српски | 13 |
бошњачки | 0 |
останати | 11 |
Според последниот попис од 2002 година, општината има 14.260 жители.[2][3]
Возраст | Жители |
0-19 години | 4.093 |
20-60 години | 7.828 |
над 60 години | 2.339 |
Вкупно | 14.260 |
Вид образование | Број |
Високо | 117 |
Више | 160 |
Средно | 2.133 |
Основно | 3.749 |
Непотполно основно | 3.180 |
Нешколувани | 477 |
Вкупно | 9.816 |
Општествени установи
уредиВо општината работат следниве основни училишта:
Самоуправа и политика
уредиОпштинската администрација на Општина Босилово се наоѓа во истоименото село Босилово. Градоначалник на општина Босилово е Зоран Зимбаков од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Босилово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Во склоп на општината работат следните одделенија:
- Одделение за правни работи, општи работи и јавни дејности
- Одделение за финансиски прашања
- Одделение за комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој
- Одделение за внатрешна ревизија
- Одделение за инспекциски работи (Инспекторат)
- Одделение за управување со човечки ресурси
Културни и природни знаменитости
уредиАрхеолошки наоѓалишта
уредиИме | Населено место | Вид | Период |
---|---|---|---|
Тумба | Гечерлија | населба | римско време |
Долно градиште | Дрвош | населба | среден век |
Мало градиште | Дрвош | населба | доцна антика |
Селиште | Дрвош | населба/некропола | среден век |
Тумба | Дрвош | могила | римско време |
Ушите | Дрвош | населба | римско време |
Чешмина Глава | Дрвош | населба | римско време |
Тумба | Дрвош | населба | римско време |
Гробишта | Иловица | населба | доцна антика |
Варница | Иловица | градиште | доцна антика |
Крива Топола | Иловица | населба | римско време |
Крст | Иловица | могила | римско време |
Куши Тумба | Иловица | населба | доцна антика |
Црквите | Иловица | некропола | римско време |
Гаскарник | Сарај | населба | доцна антика |
Говедарник | Хамзали | населба | доцна антика |
Тумба | Хамзали | населба | доцна антика |
Тумба | Штука | населба | доцна антика |
Црквиште | Штука | градиште | доцна антика |
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дрвош
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Петралинци
- Црква „Св. Димитриј“ - Иловица
- Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Еднокуќево
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Петралинци
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Секирник
- Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Секирник
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиЗнамето на Општина Босилово е составено од неколку елементи. Во прицврстениот дел има два триаголника кои се допираат во средината на страничната лента. Триаголниците се поставени на сина основа. Од триаголниците изгрева сонце со пет краци.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Адресар на општините во Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-20. Посетено на 2013-05-03.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди„Општина Босилово“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Босилово
- Општина Босилово во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.