Дрен (Демиркаписко)

село во Општина Демир Капија, Македонија

Дрен — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Дрен

Сретселото

Дрен во рамките на Македонија
Дрен
Местоположба на Дрен во Македонија
Дрен на карта

Карта

Координати 41°22′00″N 22°15′00″E / 41.36667° СГШ; 22.25000° ИГД / 41.36667; 22.25000Координати: 41°22′00″N 22°15′00″E / 41.36667° СГШ; 22.25000° ИГД / 41.36667; 22.25000
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 33 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18011
Надм. вис. 278 м
Слава Илинден
Дрен на општинската карта

Атарот на Дрен во рамките на општината
Дрен на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Пат низ селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десната страна на реката Бошавица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 270 метри, а од градот Неготино е оддалечено 27 километри.[2] Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 7 километри. До селото води асфалтен пат.

Дрен се наоѓа на ниска тераса во долината Раковец. Во самото се наоѓаат чешмите Ѓуровец, Марковец, Студена Глава, Змијарница, Коларница, Светелник и Стародренска Чешма.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Огради, Оризарски Гробишта, Оризарски Лозја, Почивало, Капиниште, Кокачеви Ниви, Вчек, Локвите, Брајови Ниви, Колниш, Кошково Гумно, Усов Гроб, Паруш-Брег, Калуѓер, Липова Падина, Илимов Рид, Големи Лаз, Голи Рид, Думково Бачило и Краставец.[3]

Селото има збиен тип со издолжен облик, поделено на Горно и Долно Маало, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.[3]

Дрен се одликува со традиционална градителска архитектура.[4]

Историја уреди

Селото најпрвин се наоѓало на друго место наречено Стар Дрен, од каде мештаните се иселиле кон крајот на XVIII век поради арамии. По напуштањето на Стар Дрен едно време се криеле во „дупки“ кај Балија, а на почетокот на XIX век се симнале во долината и го основале селото Дрен како чифлиг. На местото на некогашното село се наоѓаат остатоци на куќи, чешма, црква и гробишта. Во близина се наоѓа и месноста Калуѓер, каде се наоѓал порано манастир.[3]

Селото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.[3]

Стопанство уреди

 
Поранешна продавница во селото

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.406,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 159,5 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 42 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела продавница.[2]

Селаните главно се занимавале со земјоделство и сточарство.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948255—    
1953309+21.2%
1961308−0.3%
1971260−15.6%
1981223−14.2%
ГодинаНас.±%
1991144−35.4%
1994151+4.9%
200294−37.7%
202133−64.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дрен живееле 90 жители, сите Македонци христијани.[5][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дрен имало 120 Македонци, сите под егзархијата.[5][7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Селото е мало и во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 151 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дрен имало 94 жители, од кои 90 Македонци и 4 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 120 255 309 308 260 223 144 151 94 33
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Дрен е христијанско македонско село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

Општествени установи уреди

 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Дрен било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Дрен, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Копришница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Споменици
  • Споменик во чест на НОБ[2]
Езера
Реки

Редовни настани уреди

Слави[3]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 113. Посетено на 9 септември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 284–286.
  4. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 22 август 2021.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 септември 2021.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 233. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди