Сливник

село во Општина Велес

Сливник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Сливник
Сливник во рамките на Македонија
Сливник
Местоположба на Сливник во Македонија
Сливник на карта

Карта

Координати 41°43′5″N 21°40′12″E / 41.71806° СГШ; 21.67000° ИГД / 41.71806; 21.67000
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 677 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1413
Шифра на КО 29066
Надм. вис. 440 м
Сливник на општинската карта

Атарот на Сливник во рамките на општината
Сливник на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Сливник се наоѓа на западниот дел на подрачјето на Општина Велес во средното сливно подрачје на реката Тополка. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 440 метри, а од градот Велес е оддалечено 10 километри. Атарот зафаќа површина од 2,6 км2.

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Економски Сливник егизистира исклучиво од земјоделство (полјоделство и сточарство). Од полјоделските култури најзастапени си житните (пченица и пченка) и градинарските култури, а од стоката претежно се одгледува крупен добиток. Во текот на зимата, голем број овчари со своите многубројни стада презимуваат во трлата во Сливник и околните села.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194839—    
1953129+230.8%
1961169+31.0%
1971169+0.0%
1981237+40.2%
ГодинаНас.±%
1991325+37.1%
1994332+2.2%
2002444+33.7%
2021677+52.5%

Сливник според бројот на своите жители е средно по големина и е едно од неколкуте велешки села, населени со Албанци, со голем и константен пораст на своето население.

Според пописот од 2002 година, селото Сливник брои 444 жители, од кои 443 Албанци и 1 останат.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 677 жители, од кои 637 Албанци, 1 Србин и 39 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 39 129 169 169 237 325 332 444 677
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

уреди

Сливник е албанско село, а имало и Бошњаци во минатото.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:

Албански

Бошњачки

  • Доселеници: Калешиќи и Лекпековци (6 к.) доселени се во 1957 година од околината на Нови Пазар.[8]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 363 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1968). Областа на Бабуна и Тополка.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди