Пирава

село во Општина Валандово

Пирава — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Пирава

Улица во селото

Пирава во рамките на Македонија
Пирава
Местоположба на Пирава во Македонија
Пирава на карта

Карта

Координати 41°19′17″N 22°31′46″E / 41.32139° СГШ; 22.52944° ИГД / 41.32139; 22.52944Координати: 41°19′17″N 22°31′46″E / 41.32139° СГШ; 22.52944° ИГД / 41.32139; 22.52944
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 1.586 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2463
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04016, 04516
Надм. вис. 110 м
Пирава на општинската карта

Атарот на Пирава во рамките на општината
Пирава на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Центарот во Пирава

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Валандово. Од градот Валандово селото е оддалечено 4 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 20,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.002 хектари, на пасиштата отпаѓаат 553 хектари, а на шумите 313 хектари.[2]

Историја уреди

 
Панорама на селото во 1931 година

Во XIX век, Пирава било македонско-турско село во рамките на Дојранската каза на Отоманското Царство.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Стопанство уреди

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.287—    
19531.278−0.7%
19611.339+4.8%
19711.368+2.2%
19811.633+19.4%
ГодинаНас.±%
19911.812+11.0%
19941.839+1.5%
20021.844+0.3%
20211.586−14.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пирава имало 740 жители, од кои 470 Македонци, 180 Турци и 90 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пирава имало 496 жители.[5]

На 7 март 1931 година, во земјотрес што го погодил валандовскиот регион селото Пирава било срамнето со земјата.

Селото е големо со пораст на бројот на населението. Така, Пирава во 1961 година имало 1.339 жители, од кои 1.327 биле Македонци, тројца Срби, двајца Албанци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.839 жители, од кои 1.827 Македонци и 11 жители Срби..[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пирава имало 1.844 жители, од кои 1.827 Македонци, 9 Срби и 8 Роми.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.586 жители, од кои 1.505 Македонци, 2 Албанци, 5 Роми, 4 Срби, 7 останати и 63 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 740 496 1.287 1.278 1.339 1.368 1.633 1.812 1.839 1.844 1.586
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи уреди

 
Пошта во Пирава
  • Пошта (2463)
  • Амбуланта
  • Основно училиште

Самоуправа и политика уреди

 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Пирава, во која селото Пирава било единствено село.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Пирава се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 285 и 286 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.459 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви[15]

Личности уреди

Родени во Пирава
  • Петар Гошев (р. 1948) — политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Република Македонија
  • Николче Чурлиновски — лекар и градоначалник на Општина Валандово

Култура и спорт уреди

Во селото постои КУД „Гоце Делчев“, кој одржува настани во домот на културата во Пирава.

Воедно, во селото работи и фудбалскиот клуб „Ударник“, кој неколку сезони има настапувано во Втората лига.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 235. Посетено на 25 јули 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јули 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди