Сојаклари
Сојаклари — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Сојаклари | |
Поглед на селото Сојаклари од патот за Отовица | |
Координати 41°47′39″N 21°48′1″E / 41.79417° СГШ; 21.80028° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 125 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29074 |
Сојаклари на општинската карта Атарот на Сојаклари во рамките на општината | |
Сојаклари на Ризницата |
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сојаклари живееле 200 жители, сите Турци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Турци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 156 жители, од кои 153 Македонци, 2 Бошњаци и 1 Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 110 Македонци, 2 Турци, 2 Бошњаци, 4 останати и 7 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | — | 220 | 307 | 375 | 240 | 184 | 181 | 170 | 156 | 125 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Турски:
- Доселеници: Фазлиовци (3 к.) не го знаат потеклото; Лимановци (1 к.) доселени од соседното Мамутчево, каде немаат повеќе свои роднини.
Македонски:
- Староседелци: Ѕинѕировци (3 к.), Маневиќ (1 к.)
- Доселеници: Гајговци (2 к.) доселени се од Чука, овде се доселиле браќата Тане и Гоче; Камчевиќ (1 к.) доселени се однекаде овде живеат од многу одамна; Настовиќ (1 к.) доселени се од овчеполско Црнилиште; Саздовиќ (1 к.) потекнуваат од домазетот Саздо доселен однекаде; Јовановиќ (1 к.) и Николиќ (1 к.) непознато потекло; Теовиќ (1 к.) доселени од селото Мокрени во Азот; Костиќ (2 к.), Колевиќ и Чурлиновци (1 к.) со непозно потекло; Милошевиќ Диме (1 к.) доселени од селото Војница; Богдановиќ доселени од селото Ораов Дол.
Колонисти од Србија;
- Доселеници: Стаменковиќ (1 к.) доселени се од селото Жбевац кај Ристовац; Чварковиќ (2 к.) доселени се од Кикинда; Јеремиќ (2 к.) доселени од Елемир во Банат; Бечејац (1 к.) доселени се од Бегеја; Јовиќ (1 к.) доселени се од Мокрино во 1929 година, а подалечно потекло од Панчево; Шијачки (1 к.) доселени во 1929 година од Ада; Потран (1 к.) по потекло Словаци, доселени се од Стара Пазова.[10]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2185 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Вршник — населба од доцноантичко време
- Џамаларски Гробови — некропола од доцноантичко време
Иселеништво
уредиИселеници од Муслиманите има во Турција, а од православните во Куманово, Скопје и Велес.[10]
Галерија
уреди-
Поглед на селото Сојаклари
-
Глетка од селото Сојаклари
-
Основното училиште во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 . Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |