Горни Манастирец
Горни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Горни Манастирец | |
Панорамски поглед на селото Горни Манастирец | |
Координати 41°36′55″N 21°12′46″E / 41.61528° СГШ; 21.21278° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03031 |
Надм. вис. | 600 м |
Горни Манастирец на општинската карта Атарот на Горни Манастирец во рамките на општината | |
Горни Манастирец на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото потекнува од манастирот кој се наоѓа над селото.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во северниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 30 километри.[3]
Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[3]
Селото е сочинето од неколку маала: Старо Село, Ново Село, Мало Село и Василковци.
Историја
уредиВо XIX век, Горни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
На 6 јануари 1912 година (Бадник), бугарските војници извршиле колеж врз 103 жители од областа Порече, чии тела биле фрлени во месноста „Дервишка Нива“, поради што настанот е познат како Масакр кај Дервишка Нива. Подоцна, била изградена спомен-костурница под Поречкиот манастир.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 214 жители, додека во 1994 година се намалило на 21 жител, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Горни Манастирец имало 19 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 480 | 255 | 253 | 214 | 136 | 65 | 34 | 21 | 19 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиГорни Манастирец е чисто македонско православно село. Селото се состои од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селото има староседелски и доселенички родови.
Родови во Старо Село се: Ѓурчевци (4 к.), Данковци (4 к.) и Милошевци (2 к.), се староседелски родови, Милошевци трипати се селеле во Модриште и се враќале назад.
Родови во Ново Село се: Велковци (13 к.), Учумовци (5 к.), Митревци (10 к.), Бунташевци (6 к.) и Веселиновци (1 к.), се староседелци, порано живееле во маалото Старо Село. Учумовци и Велковци се еден род. Учумовци некое време живееле и во Драгов Дол. Митревци некое време живееле во Скопско и Тетовско; Чкорлевци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар.
Во Мало се родовите: Кочовци (9 к.), Жежовци (4 к.) и Кокаревци (4 к.), се еден род и се староседелци, порано живееле во Старо Село; Петковци (8 к.) и Клишуровци (6 к.), потекнуваат од заеднички предок кој дошол како домазет однекаде.
Во маалото Василковци е само родот: Василковци (8 к.), основачот на родот Василко дошол од Охридско, кај Кочовци и тука останал и се оженил и основал маало.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горни Манастирец се наоѓале селата Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0243 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[16]
- Црква „Св. Богородица” — главна селска црква
- Манастири
- Поречки манастир — средновековен манастир, основан во XII век
- Спомен-костурници
- Спомен-костурница — костурница за закланите жители од поречките села во масакрот кај Дервишка Нива, изведен од бугарската војска во 1912 година
Личности
уреди- Вукашин Синадиноски (1911 - 1944) - (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17] 8
- Стојко Ѓурчески (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17]
- Чедомир Лозаноски (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17]
Галерија
уреди-
Поглед од далечина на Поречкиот манастир
-
Стари куќи во селото
-
Спомен-костурницата под манастирот
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ P. Jovanović, Poreče, Naselja i poreklo stanovništva 28, Beograd 1935, 317)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 75. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уреди- Горни Манастирец на Ризницата ?