Општина Брвеница
Општина Брвеница
| |
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Брвеница |
Регион | ![]() |
Површина | 164,3 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и албански |
Демографија | |
Население | 13.645[1] жит. |
Густина | 96,50 жит./км2 |
Населени места | 10
|
Народности | Македонци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Јовица Илиевски |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | Маршал Тито б.б. 1216, Брвеница, Тетово. |
Телефон | 044 456-005 |
Факс | 044 456-015 |
Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е воглавно македонско и албанско.
ГеографијаУреди
Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.
Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско.
На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.[2]
СтопанствоУреди
Главни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината.
ДемографијаУреди
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 15.855 жители со густина на население од 96,50 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[3][1]
Народ | Број | Удел (%) |
Македонци | 5.949 | 37,53 |
Албанци | 9.770 | 61,62 |
Срби | 78 | 0,49 |
Турци | 2 | 0,01 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
останати | 55 | 0,35 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 5.933 |
муслимани | 9.781 |
католици | 7 |
протестанти | 0 |
останати | 134 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.005 |
албански | 9.778 |
турски | 0 |
ромски | 0 |
влашки | 0 |
српски | 30 |
бошњачки | 1 |
останати | 41 |
Население по населено местоУреди
Македонци | Турци | Срби | Бошњаци | Албанци | останати и непознато | |
---|---|---|---|---|---|---|
апсолутно мнозинство | ||||||
релативно мнозинство |
Општина Брвеница | Вкупно | Македонци | Албанци | Турци | Бошњаци | Срби | останати |
Блаце | 344 | 344 | |||||
Брвеница | 2,918 | 2.834 | 1 | 68 | 15 | ||
Волковија | 270 | 270 | |||||
Гургурница | 1556 | 1 | 1,549 | 6 | |||
Долно Седларце | 693 | 690 | 3 | ||||
Милетино | 1,986 | 642 | 1,336 | 2 | 6 | ||
Радиовце | 1,049 | 346 | 691 | 3 | 9 | ||
Стенче | 150 | 149 | 1 | ||||
Теново | 1,602 | 210 | 1,391 | 1 | |||
Челопек | 5,287 | 463 | 4,803 | 2 | 1 | 18 | |
Вкупно | 15,855 100,00% |
5.949 37,53% |
9.770 61,62% |
2 0,01% |
1 0,01% |
78 0,49% |
55 0,35% |
На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[4]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 8.720 |
1953 | 4.870 | 4.366 | 44 | 4 | — | 102 | ... | 12 | 9.398 |
1961 | 5.079 | 5.003 | 101 | ... | ... | 83 | ... | 61 | 10.327 |
1971 | 5.011 | 6.418 | 99 | 5 | ... | 81 | ... | 71 | 11.685 |
1981 | 5.613 | 7.963 | 43 | — | — | 73 | ... | 142 | 13.834 |
1994 | 5.905 | 8.793 | 3 | — | — | 79 | ... | 13 | 14.793 |
2002 | 5.949 | 9.770 | 2 | 2 | — | 78 | — | 55 | 15.855 |
2021 | 5.715 | 7.377 | — | 1 | — | 40 | 6 | 506 | 13.645 |
Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %.
ИселеништвоУреди
Населението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и воглавно е во правец село-град и дел во странство.
Општествени установиУреди
- Училишта
Во општината функционираат следните централни училишта:
- Цркви
- Црква „Св. Константин и Елена“ - Блаце
- Црква „Св. Троица“ - Блаце
- Црква „Св. Георги"- Блаце
- Црква „Св. Атанасиј“ - Брвеница - изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 г.[5]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Брвеница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
Самоуправа и политикаУреди
Градоначалник на општина Брвеница е Енвер Пајазити, кој бил реизбран за трет мандат на локалните избори во 2017 како независен кандидат.[6] Општината има вкупно 15 советници кои го претставуваат 10 села од општината. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според припадноста на политичките партии е следен:
Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Стенчевска тврдина
- Ранохристијанска епископија с.Стенче
- Тумба Потсело - неолитска населба
- Градиште - Брежине - населба и некропола од доцноантичкото време;
- Кукул - археолошко наоѓалиште;
- Змијанец - една од 16те ранохристијански базилики во Полог
ЛичностиУреди
Некои од поистакнатите личности од општината се:
- Александар Галоски (познат македонски диџеј и продуцент)
- Јован Павловски, Познат македонски писател
- Рајко Аврамовски (†1989), Борец во НОБ,пор. функционер на општина Жеровјане
- Живко Стефановски (†2008), Регионален функционер, писател и публицист
- Душко Милевски (†2005), Примариус д-р, спортски работник
- Бошко Стефаноски (†2005),економист и писател
- Стојчевски Атанас - Спиро (†1943) - жртва во логорот „Јасеновац“
- Софре Ѓорѓевски (? – ?, 1963) - македонски војвода.
- Владо Бучковски (делумно потекло)
- Војо Михајловски политичар
- Кузман Сотировски - Чокалија (16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) - македонски фудбалер и прв македонски олимпиец
- Љубе Бошковски - македонски политичар.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 31 март 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „ДЗС“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Civil World Macedonia[мртва врска]
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница“. МПЦ - ОА. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врскиУреди
- Општина Брвеница во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Официјално мрежно место
- Општина Брвеница на „Златна Книга“
- Општина Брвеница Архивирано на 15 април 2012 г. на mojsovetnik.org.mk