11 Октомври (населба)
Населбата 11 Октомври се наоѓа во една од сопските, најпознати и најурбанизирани општини-Кисела Вода. Таа стана уредено место погодно за живеење на скопјани, од десната страна, населбата се наоѓа на познатиот булевар Борис Трајковски (Првомајска), кој води до населбата Драчево. Неодамна беше направено убаво игралиште, богато со тревник, детски парк, па дури и игралиште за миленици. Населбата 11 октомври брои околу 1.500 жители од кои само две куќи бројат албанци, и три куќи роми. Од центарот на градот ја двојат само 2.2 километри. Располага со голем број автобуси кои им се од голема потреба на граѓаните, последната постојка на линија бр.4 е во населбата 11 Октомври веднаш до пензионерскиот штаб. Неодамна почна да се гради зграда, постапката е успешна и веќе се вселија голем број жители, со што видливо го зголемија бројот на жители во населбата. Веднаш до населбата се наоѓа и познатиот супермаркет Тинекс, како и двете бензински, едната поблиску (Макпетрол) , другата подалеку (Лукоил). Воедно, населбата е позната по нејзината ТРИМ ПАТЕКА, која од еднната страна завршува во општина центар на ул.Трета Македонска Бригада близу населбата Пролет кај општата болница ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, а од другата страна завршува кај булевар Србија и се граничи со општината Аеродром.