Брајковци

село во Општина Валандово


Брајковци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Брајковци
Brajkovci, panorama, 1931.jpg

Панорама на селото од 1931 година

Брајковци во рамките на Македонија
Брајковци
Местоположба на Брајковци во Македонија
Брајковци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°17′30″N 22°31′19″E / 41.29167° СГШ; 22.52194° ИГД / 41.29167; 22.52194Координати: 41°17′30″N 22°31′19″E / 41.29167° СГШ; 22.52194° ИГД / 41.29167; 22.52194
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово
Област Бојмија
Население 384 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04005
Надм. вис. 110 м
Брајковци на општинската карта
Брајковци во Општина Валандово.svg

Атарот на Брајковци во рамките на општината
Commons-logo.svg Брајковци на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на плодното поле на територијата на Општина Валандово. Од градот Валандово селото е оддалечено 6 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 252,6 хектари, на шумите отпаѓаат 262,3 хектари, а на пасиштата 39,5 хектари.[2]

ИсторијаУреди

Во XIX век, Брајковци било македонско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

СтопанствоУреди

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Од земјоделските култури најмногу се одгледува пченица, бостан, тутун, киви, обични и јапонски јаболки и др. Во селото работат и две продавници.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948312—    
1953338+8.3%
1961366+8.3%
1971437+19.4%
1981450+3.0%
ГодинаНас.±%
1991425−5.6%
1994424−0.2%
2002437+3.1%
2021384−12.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брајковци имало 180 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брајковци имало 240 жители.[5]

Селото е средно по големина, со зголемување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 366 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 424 жители, од кои 403 се Македонци, а 21 жител Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Брајковци имало 437 жители, од кои 413 Македонци и 24 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 384 жители, од кои 360 Македонци, 3 Турци, 14 Срби, 2 останати и 5 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 240 312 338 366 437 450 425 424 437 384
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установиУреди

 
Подрачното основно училиште

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Брајковци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 292 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 342 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 37. Посетено на 22 јули 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јули 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Образование“. македонски: Општина Валандово. Посетено на 22 јули 2017.[мртва врска]
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди