Макреш (Кумановско)

село во Општина Старо Нагоричане

Макреш — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија.

Макреш
Макреш во рамките на Македонија
Макреш
Местоположба на Макреш во Македонија
Макреш на карта

Карта

Координати 42°10′45″N 21°52′49″E / 42.17917° СГШ; 21.88028° ИГД / 42.17917; 21.88028
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 32 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1314
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17060
Надм. вис. 405 м
Макреш на општинската карта

Атарот на Макреш во рамките на општината
Макреш на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во областа Средорек, на 1,5 км северно од патот Крива Паланка-Куманово (А2).

Историја уреди

Подрачјето на Макреш е населено уште од бакарното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште западно од селото.[2]

На крајот на XIX век Макреш било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Макреш имал 235 жители, сите Македонци христијани.[3][4]

Целото христијанско население на селото потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија, а воедно во него силно работела српската пропаганда. Според патријаршискиот скопски митрополит Фирмилијан во 1902 г. година в селото имало 26 патријаршиски куќи, кој тој ги нарекува „српски“.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Макреш имало 256 Македонци под патријаршијата и во селото работело српско училиште.[3][6]

Во учебната 1907/08 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото имало патријаршиско училиште.[7]

За време на Првата светска војна Макреш имал 161 жител[8].

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.[9]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948119—    
1953255+114.3%
1961275+7.8%
1971270−1.8%
1981157−41.9%
ГодинаНас.±%
199168−56.7%
199458−14.7%
200240−31.0%
202132−20.0%

Според пописот од 2002 година, во селото Макреш имало 40 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 29 Македонци и 3 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 235 256 119 255 275 270 157 68 58 40 32
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Макреш е македонско село.

Според истражувањата од 1970 година, родови во селото се:

  • Горно Маало: Гијови (2 к.), Спиридонови (2 к.) и Попови (1 к.) доселени се однекаде во XIX век. Алинчани (1 к.) доселени се од селото Алинце. Огутчани (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Страчинчани (1 к.) доселени се од селото Страцин. Младенови (1 к.) доселени се од селото Руѓинце. Младенови (1 к.) доселени се од селото Широка Планина во Горна Пчиња. Облавчани (1 к.) доселени се од селото Облавце.
  • Средно Маало: Поповци (4 к.) и Ѓоргијови (1 к.) доселени се однекаде во XIX век. Нагоричанци (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане. Додевски (1 к.) и Јовановски (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Ѓошевски (1 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња.
  • Влашко Маало: Ташкови (1 к.) по потекло се Власи. Овде живеат од XIX век. Дејловчани (2 к.) доселени се од селото Дејловце. Картаљаци (2 к.) доселени се од селото Орах. Алинчани (1 к.) доселени се од селото Алинце. Денкови (1 к.) доселени се од селото Младо Нагоричане.
  • Киселарник Маало: Антевски (2 к.) и Стојменови (2 к.) стари родови во селото. Станојевски (2 к.) доселени се од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка.
  • Печењаци Маало: Спасини (2 к.) стари доселеници со непознато потекло. Алинчанци (4 к.) доселени се од селото Алинце. Петковски (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво уреди

Макреш нема добри услови за живот, па така населението почнало да се иселува.

Овчеполското село Макреш е основано од доселеници од кумановското село Макреш. Потоа постари иселеници имало и во селото Врсаково во Овче Поле. Макрешани се иселени во селото Орашац. Макрешанци се иселени во селото Јачинце. Цветановски се иселени во селото Војник. Петрушеви се иселени во селото Клечевце.

После Втората светска војна населението почнало да се иселува по градовите. Највеќе иселеници има во Куманово. Таму неколку родови целосно се иселени.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 213. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
  5. Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи, 1902 г., ДАРМ.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  7. Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
  8. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-13.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.

Надворешни врски уреди