Страцин
- За селото во Бургаската област, погл. Страцин (Бугарија).
Страцин — село во Општина Кратово, во областа Средорек, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Средорек, во крајниот североисточен дел на Општина Кратово. Еден дел од населбата се наоѓа на патото Куманово - Кратово. Селото е ридско и планинско, односно раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 900 метри. Оддалечено е 19 километри северозападно од Кратово, 28 километри западно од Крива Паланка и 31 километар источно од Куманово.
ИсторијаУреди
Страцин е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште кај маалото Поповци.[1]
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страцин живееле 950 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Страцин имало 1.000 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Страцин живеат 185 жители, од кои 182 Македонци и 3 Срби.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 950[2] | 1.030[3] | 1.203 | 1.282 | 1.365 | 1.046 | 485 | 315 | 273 | 185 |
Страцин во 70-тите години доживува драстично намалување на населението, така што за разлика од пописот во 1971, во наредната 1981, регистрирани се за 53 % од населението помалку или разлика за 561 жител.
Општествени установиУреди
Во селото се наоѓа Основното училишта „Христијан Тодоровски - Карпош“. Порано во селото, било во функција друго oсновно училиште. Потоа училиште било затворено.
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Споменици
Во декември 1997 година, во селото бил подигнат споменик за загинатите борци на НОБ од периодот 1941-1945 година односно за време на Втората светска војна, каде се наведени сите партизани што се по потекло од Страцин и градот Куманово, Кумановско и Кривопаланечко.
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ од 1847 г.
- Археолошки наоѓалишта[1]
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Личности родени во Страцин:
- Спирко Бојковски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[6]
- Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан на 11 септември 1943 година.[6]
- Стојчо Ивановски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Јованов (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Љубе Крстев (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ратко Серафимовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Личности загинати во Страцин:
- Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[6]
- Богдан Димитров Трајановски — роден 1889 година во Страцин, стрелан од Бугарите 11 септември 1943 година.[6]
- Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[6]
- Ѓошо Цветанов (Цветков) — роден 1900 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[6]
- Воја Алексовски од Куманово
- Киро Антевски од Куманово
- Петар Василевски од Куманово
- Јордан Карамарковски од Куманово
- Александар Маневски од Куманово
- Војо Алексиќ од Куманово
- Воислав Стојановски од Куманово
- Благоја Трендевски од Куманово
- Воислав Митровски од Куманово
- Будимир Димковски од Куманово
- Градимир Филиповиќ од Куманово
- Драгољуб Филиповиќ од Куманово
- Трајан Нашевски од Куманово
- Славко Филиповски од Челопек, Кумановско
- Војо Алексиќ од Никуљане, Кумановско
- Раде Антиќ од Никуљане, Кумановско
- Милан Арсовски од Стрновац, Кумановско
- Геле Божиновски од Младо Нагоричане, Кумановско
- Славко Вељковиќ од Младо Нагоричане, Кумановско
- Трајко Додевски од Бедиње, Кумановско
- Ѓорѓи Додевски од К’шање, Кумановско
- Ефрем Георгиевиќ од Четирце, Кумановско
- Денко Каранфиловски од Дренок, Кумановско
- Цветко Лазаревски од Стрезовце, Кумановско
- Благоја Петковски од Пелинце, Кумановско
- Милорад Петровиќ од Бедиње, Кумановско
- Владо Додевски од Пелинце, Кумановско
- Андон Стојчевски од Црцорија, Кривопаланечко
- Стојман Пешевски од Габер, Кривопаланечко
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 187-188. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 61.
Надворешни врскиУреди
„Страцин“ на Ризницата ? |