Острово (населба во Скопје)
Острово ― населба во северозападниот дел на Општина Аеродром.
Острово | |
---|---|
Населба | |
Населбата (во позадина) гледана од населбата 13 Ноември | |
Координати: 41°59′26″N 21°27′5″E / 41.99056° СГШ; 21.45139° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Аеродром |
Површина | |
• Вкупна | 20,84 ха (5,150 acres) |
Географија
уредиНа север и североисток граничи со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница), на исток со 13 Ноември, на југоисток граничи со населбата Аеродром, додека на југ и југозапад граничи со Мичурин. Северозападна граница му претставува ГЖС „Скопје“ (преку пругата е Маџир Маало).
Историја
уредиНаселбата започнала да постои по Втората светска војна.
По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму бил сместен згрижувачки камп односно т.н. шаторска населба Острово. Шаторската населба Острово бил најхигиенскиот згрижувачки камп од сите 27 кампови наменети за настраданите во земјотресот. Задолжени за изградбата на кампот биле градежните претпријатија Пелагонија и Монтер кои ископале и уредиле санитарни јазли, изградиле две батерии со 16 славини, приклучиле водоводна мрежа, соѕидале неколку казани и бањи со бојлери. Отпрвин кампот згрижил 800, a по спојувањето со шаторската населба Аеродром-Вардар над 4.000 лица.[1]
Демографија
уредиНа територијата на населбата се наоѓа една дива ромска населба.[2]
Според пописот од 2002, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиБрој на избирачко место | Установа кадешто се наоѓа | Женски гласачи | Машки гласачи | Регистрирани гласачи |
---|---|---|---|---|
2673 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 357 | 388 | 745 |
2674 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 450 | 539 | 989 |
2675 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 325 | 382 | 707 |
2676 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 304 | 372 | 676 |
2677 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 282 | 325 | 607 |
2682 | ОУ „Браќа Миладиновци“ | 665 | 748 | 1413 |
Вкупно | 2.383 | 2.754 | 5.137 |
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.348 жители, каде 51% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 17% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[6]
Културни знаменитости
уреди- ТЦ Скопјанка
Наводи
уреди- ↑ „Животот во шаторските населби (2)“. okno.mk. 8 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-09. Посетено на 2 јануари 2023.
- ↑ „Катанга кај Острово“. Година: 3 Број:893. Вест. 6/30/2003. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-03-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
- ↑ Состојба 5.2024.
- ↑ „Избирачки список“.
- ↑ „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во
|title=
во положба 36 (help)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Острово (населба во Скопје) на Ризницата ?