Близанско

село во Општина Македонски Брод

Близанско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото е сместено на бреговите на езерото Козјак.

Близанско

Панорамски поглед на селото Близанско

Близанско во рамките на Македонија
Близанско
Местоположба на Близанско во Македонија
Близанско на карта

Карта

Координати 41°45′32″N 21°9′46″E / 41.75889° СГШ; 21.16278° ИГД / 41.75889; 21.16278
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 29 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03005
Надм. вис. 440 м
Близанско на општинската карта

Атарот на Близанско во рамките на општината
Близанско на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото првпат е споменато како „Близниско“ во Константиновата грамота од 1258 година. Од првоспоменатото име се изведува дека означува „дол, рид“, или пак спојување на „близок“ со -ско.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на Близанскиот мост, кој ги поврзува селата Здуње и Близанско со регионалниот пат Кула-Македонски Брод

Селото се наоѓа во областа Порече, на левата страна на реката Треска (денес на бреговите на вештачкото езеро Козјак), во северниот дел на Општина Македонски Брод.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 440 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 43 километри.[3]

Атарот е зафаќа површина од 6,2 км2. Пред изградбата на езерото, атарот бил поделен на следниот начин: пасиштата заземаат површина од 556,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56,9 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]

Во непосредна близина на селото се наоѓа и новоизградената викенд-населба Близанска, на самиот пат кон селото Здуње, каде била изградена и црквата „Св. Петка“.

Историја

уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 45 семејства и 6 неженети, сите христијани.[4]

Во XIX век, Близанско било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди
 
Поглед на Близанскиот мост и езерото Козјак

Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194858—    
1953101+74.1%
1961114+12.9%
1971130+14.0%
198190−30.8%
ГодинаНас.±%
199165−27.8%
199452−20.0%
200237−28.8%
202129−21.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Близанско имало 20 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Близанско имало 160 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Близненско се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[8]

Близанско е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 114 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 52 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Близанско имало 37 жители, од кои 36 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 26 Македонци, 1 останат и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 20 160 58 101 114 130 90 65 52 37 29
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Самоуправа и политика

уреди
 
Двете цркви сместени во непосредна близина на езерото, со поглед на дел од селото зад нив

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Здуње, во која влегувале селата Близанско и Здуње.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Близанско се наоѓале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0267 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[18][19]
Цркви[20]

Личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126–127.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 31. Посетено на 2 септември 2017.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 238
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 септември 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Евидентирани Археолошки наоѓалишта во и околу ПНП Јасен
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди