Росоки
Росоки — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мијачија. Селото се наоѓа на Росочка Река, која извира во близина на селото.
Росоки | |
![]() Пејзаж крај Росоки | |
Координати 41°34′0″N 20°41′39″E / 41.56667° СГШ; 20.69417° ИГДКоординати: 41°34′0″N 20°41′39″E / 41.56667° СГШ; 20.69417° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 0[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07067 |
Надм. вис. | 980 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Росоки е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари. Селото е оддалечено 19 километри источно од градот Дебар.
Атарот на селото зафаќа 11,1 км2.[2]
Соседни села на селото Росоки се: Селце и Тресонче од исток, Галичник од североисток, Сушица од југоисток, Лазарополе од југ, Присојница, Скудриње, Јанче и Аџиевци од запад и северозапад.
ИсторијаУреди
Во своите најдобри времиња, селото броело 90 куќи, а денес се останати многу помал број од овој број.[3]
СтопанствоУреди
Во минатото, поради Росочка Река, која тече низ самото село, во селото постоеле голем број на воденици и валавници.[3]
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Росоки живееле 450 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Росоки имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Иселувањето во Росоки започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само двајца жители според пописот од 1981 година.[2]
Селото Росоки е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 600 | 82 | 71 | 18 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
РодовиУреди
Населението во селото се смета за староседелско, меѓутоа во Тресонче говорат дека тука доаѓале козари од Албанија и дека преку зима ги криеле овците тука и така се населило селото. Некои зборуваат дека Росоки во минатото постоело кај Елбасан, па од таму се преместило.
Родови во селото се: Бојковци (3 к.), Каповци (6 к.), Стари Поповци (1 к.), Кржаловци (2 к.), Дадавелковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), не се знае ништо за овие родови и Поповци (2 к.), доселени се од брсјачкото село Душегубица.
Според едно предание, се смета дека велешкото село Ореше е основано од извесен дедо Дамјан, кој бил доселен од Росоки.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Росоки, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[9]
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Црква „Преображение Христово“ — црква од крајот на XVIII век;
Редовни настаниУреди
- Преображение Христово — 19 август
ЛичностиУреди
- Глигор Тодоровски (1928-2006) — историчар
- Војдан и Дамјан Стојановски — познати македонски кошаркари, по потекло од Росоки.
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 261-262.
- ↑ 3,0 3,1 Според кажување на месен жител, забележано од страна на Тони Ристовски, Никола Цибрев, Ѕвонко Петровски, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски на 5 јули 2015 година.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.