Балинци

село во Општина Валандово


Балинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Балинци

Поглед на Домот на културата во селото

Балинци во рамките на Македонија
Балинци
Местоположба на Балинци во Македонија
Балинци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° СГШ; 22.51417° ИГД / 41.28833; 22.51417Координати: 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° СГШ; 22.51417° ИГД / 41.28833; 22.51417
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 366 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04001
Надм. вис. 105 м
Балинци на општинската карта

Атарот на Балинци во рамките на општината
Балинци на Ризницата

Географија и местоположба Уреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на плодното поле на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира и со подрачјето на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 5,5 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.[2]

Атарот не е многу голем и зафаќа површина од 5,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 178,4 хектари, на шумите отпаѓаат 294,2 хектари, а на пасиштата 34,4 хектари.[2]

Историја Уреди

 
Панорама на селото во 1931 година

Во XIX век, Балинци било македонско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Стопанство Уреди

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948266—    
1953297+11.7%
1961280−5.7%
1971284+1.4%
1981332+16.9%
ГодинаНас.±%
1991337+1.5%
1994333−1.2%
2002328−1.5%
2021366+11.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Балинци имало 150 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балинци имало 144 жители.[5]

Во 1961 година селото било мало и броело 280 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 333 жители, од кои 241 Македонец, 84 Срби, а осум жители Роми.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Балинци имало 328 жители, од кои 242 Македонци, 78 Срби, 7 Роми и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 366 жители, од кои 281 Македонец, 82 Срби и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 150 144 266 297 280 284 332 337 333 328 366
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи Уреди

  • Дом на култура

Самоуправа и политика Уреди

 
Ѕвоното над влезот во црквата „Св. Димитриј“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Балинци се наоѓале градот Валандово и селата Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко место Уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 293 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 270 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости Уреди

Цркви[14]

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 17. Посетено на 24 јули 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јули 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски Уреди