Жиганци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Жиганци
Жиганци is located in Македонија
Жиганци
Местоположба на Жиганци во Македонија
Координати 41°52′45″N 22°14′16″E / 41.87917° N; 22.23778° E / 41.87917; 22.23778Координати: 41°52′45″N 22°14′16″E / 41.87917° N; 22.23778° E / 41.87917; 22.23778
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 362 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 323 м
Жиганци на општинската карта
Жиганци во Чешиново-Облешево.svg

Атарот на Жиганци во рамките на општината

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

ИсториjaУреди

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Жиганци живееле 156 жители, од кои 150 Македонци и 6 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жиганци имало 224 Македонци, егзархисти и 90 Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Жиганци живеат 362 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 156[1] 314[2] 430 502 579 556 501 451 378 362

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 877 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 229 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитостиУреди

Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира од XIV век. Остатоците од црквената градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.

Археолошки наоѓалишта[7]

Култура и спортУреди

  • ФК Злетовица (Жиганци)

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 132-133.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  6. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. ТИМ ОД АРХЕОЛОЗИ НЕКОЛКУ ДЕНА РАБОТИ НА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ДОЛЧЕНИЦА
  9. Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани
  10. Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија -Блага Алексова

Надворешни врскиУреди