Праленик

село во Општина Центар Жупа

Праленик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Праленик

Воздушен поглед на селото Праленик

Праленик во рамките на Македонија
Праленик
Местоположба на Праленик во Македонија
Праленик на карта

Карта

Координати 41°27′28″N 20°32′54″E / 41.45778° СГШ; 20.54833° ИГД / 41.45778; 20.54833
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 144 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08032
Надм. вис. 700 м
Праленик на општинската карта

Атарот на Праленик во рамките на општината
Праленик на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, недалеку од брегот на Дебарското Езеро.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 2249.

Стопанство

уреди

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 55 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 40 хектари, а на пасиштата 26 хектари.[2]

Селото, во основа, има главно полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948116—    
1953134+15.5%
196193−30.6%
1971104+11.8%
1981136+30.8%
ГодинаНас.±%
1991149+9.6%
1994146−2.0%
2002177+21.2%
2021144−18.6%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 30 домаќинства со 24 жители христијани (Македонци) и 52 муслимани (Турци).[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Праленик живееле 270 жители, од кои 20 жители христијани Македонци и 250 муслимани Турци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Праленик имало 8 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]

Селото е мало и е населено со турско население. Така, селото во 1961 година броело 93 жители, додека во 1994 година имало 146 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Праленик имало 177 жители, од кои 176 Турци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 144 жители, од кои 137 Турци и 7 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270 8 116 134 93 104 136 149 146 177 144
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

До почетокот на XX век, во селото имало и помал број македонско христијанско население, но по нивното иселување до денес, во Праленик целосното население го сочинуваат Турци.

Праленик е турско село.[13]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Ќоселер (4 к.), Исмаилар (3 к.), Емролар (5 к.), Сезаирлар (2 к.), Асанлар (3 к.), Рамколар (3 к.), Бизадлар (2 к.), Адилер (2 к.), Јашарлар (2 к.), Мамутлар (3 к.) и Качорлар (2 к.), сите се доселени од селото Коџаџик во XIX век.

Иселеништво

уреди

Од ова село турски иселеници до 1954 година има во Турција (7 семејства) и тоа во, Маниса, Измит, Бергама, Ада Пазар, едно семејство се иселило и во Тирана во Албанија.[13]

Општествени установи

уреди
 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Праленик било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0567 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Осолница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Џамии[17]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 242.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-02-08. Посетено на 8 февруари 2023.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди