Дабница

село во Општина Прилеп

Дабница — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Сместено е на падините на планината Бабуна, во северниот дел на регионот Пелагонија.

Дабница
Дабница is located in Македонија
Дабница
Местоположба на Дабница во Македонија
Дабница на интерактивна карта

Координати 41°23′53″N 21°33′56″E / 41.39806° СГШ; 21.56556° ИГД / 41.39806; 21.56556Координати: 41°23′53″N 21°33′56″E / 41.39806° СГШ; 21.56556° ИГД / 41.39806; 21.56556
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 66 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 20028
Дабница на општинската карта
Дабница во Општина Прилеп.svg

Атарот на Дабница во рамките на општината
Commons-logo.svg Дабница на Ризницата
За селото Дабница во Пиринска Македонија, видете овде

Географија и местоположбаУреди

Дабница се наоѓа на падините на планината Бабуна, северно од градот Прилеп.

ИсторијаУреди

 
Масовно стрелани Македонци од село Дабница, Прилепско. Во масакрот настрадале 18 лица. (19 септември 1942)

Дабница е старо село населено уште од антиката, за што сведочат бројните археолошки наоѓалишта. Во 1337 година, половина од Дабница кралот Стефан Душан ја приложил на манастирот Трескавец.[1] За време на турското ропство, селото било раселено, а потоа повторно е обновено. Селото било обновено од Македонци кои се доселиле од други населби кон крајот на XVIII век.[1] За време на турското ропство цела земја на селото припаѓала на манастирот Трескавец (во 1912 година манастирот во ова село имал околу 700 овци и кози).[1]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Д-б-н-ч-а имало 13 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Кон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

На 23 октомври 1941 година кај местото Гарван, кај Дабница бил формиран Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Во 1942 г. се случил Масакрот кај Дабница извршен од бугарските окупаторски сили.

ДемографијаУреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 66 жители, од кои 9 Македонци, 3 Турци и 54 Роми. Следува табела на националната структура на населението:[3]

Националност Вкупно
Македонци 9
Албанци 0
Турци 3
Роми 54
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

РодовиУреди

Дабница е македонско православно село, иако во него има и Роми, доселени од поново време. Родовите македонски во селото се сите доселенички.

Според истражувањата од 1954 година, родови во Дабница се:

  • Доселеници: Анѓеловци (2 куќи) најстар род во селото, доселени се однекаде; Секуловци (7 куќи) потекнуваат од предокот Секула кој се доселил околу 1804 година од селото Крушеани; Коруновци (5 куќи) доселени се кога и Секуловци од Дебарско; Бешировци (3 куќи) доселени се однекаде, имаат роднини во Прилеп (Големџиковци); Наневци (2 куќи) и Кремчевци (2 куќи) и они се доселени однекаде; Трајковци (4 куќи) дошол Трајко од Крушеани; Рапешовци (3 куќи) доселени се од село Рапеш во Мариово.[1]

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1441 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[4]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[5]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви
Манастири
  • Трескавец — познат средновековен манастир во крајниот северозапад на атарот
Археолошки наоѓалишта[6]
  • Караташ — некропола од римско време
  • Градиште — неопределено наоѓалиште од непознат период
  • Св. Петка — црква од непознат период
  • Кукул — неопределено наоѓалиште од непознат период
  • Бунар — населба од доцноантичко време, кај Трескавец
  • Гробови во Карпа — некропола од римско време, кај Трескавец
  • Гумење — некропола од хеленистичко и римско време, кај Трескавец
  • Златоврв — населба и базилика од хеленистичко, доцноантичко и старохристијанско време
  • Манастирски Дол — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време
  • Црква Св. Богородица — осамени наоди, населба и црква од раноантичко, римско и старохристијанско време и средниот век, околу манастирската црква на Трескавец

ЛичностиУреди

ИселеништвоУреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Од 1912 во Прилеп се имаат иселено околу 40 семејства. Од родовите Секуловци, Коруновци, Бешировци, Наневци, Трајковци и Кремчевци.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.87
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 294, 314. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врскиУреди