Долни Балван
Долни Балван — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Долни Балван | |
Панорама на селото | |
Координати 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Население | 310 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30012 |
Надм. вис. | 290 м |
Долни Балван на општинската карта Атарот на Долни Балван во рамките на општината | |
Долни Балван на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиОва село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, а низ него поминува патот Штип-Кочани, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 290 метри. Од градот Штип е оддалечено 9 километри.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Долни Балван било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 7,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 671,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на шумите само 0,5 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и земјоделска задруга.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 135 жители, од кои 100 Македонци и 35 Роми.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Селото е средно по големина, без поголеми промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 351 жител, а во 1994 година 331 жител, од кои 328 биле Македонци, а двајца жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Балван живееле 358 жители, од кои 351 Македонец и 7 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 135 | 120 | 302 | 325 | 351 | 320 | 306 | 358 | 331 | 358 | 310 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Страшо Пинџур“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци
- ЖС „Долни Балван“, постојка на железничката линија Велес-Кочани
- Амбуланта
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Долни Балван, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото било седиште на некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Врчва — населба од доцноантичкото време;
- Стопански Штали — населба од доцноантичкото време; и
- Тугли — населба од бронзеното и римското време.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Култура и спорт
уредиВо селото работи фудбалскиот клуб „1 Мај Балван“.[17]
Галерија
уреди-
Амбулантата
-
Поглед на селото
-
Влезот во селото
-
Поглед на селото
-
Игралиште во училиштето
-
Фудбалски стадион
-
Железничката станица
-
Поглед на раскрсницата во самото село со регионалниот пат
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 103. Посетено на 30 јануари 2021.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 јануари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 30 јануари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 јануари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 432. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 30 јануари 2021.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Долни Балван на Ризницата ?