Општина Аеродром
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Град Скопје |
Површина | 21,85 км2 |
Демографија | |
Население | 98.382[1] жит. |
Густина | 3.295,61 жит./км2 |
Населени места | |
Самоуправа | |
Градоначалник | Златко Марин |
Совет | 27 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | бул. Јане Сандански бр. 109 Б, 1000 Скопје |
Телефон | +389 2 2400-970 |
Факс | +389 2 2401 546 |
Мреж. место | Службен портал |
Е-пошта | е-пошта |
Општина Аеродром — скопска општина. Формирана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога за првпат е одржана седница на Советот на општината.[1] Претходно, територијата на Општина Аеродром била во рамките на Општина Кисела Вода.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Име на општинатаУреди
Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”.
Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќајот во Скопје. Аеродромот бил наречен „Скопје”, а се наоѓал сосема на крајот од градот, кај денешната населба „Аеродром“.
Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал пет патници.
Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале од Скопје во 07:00 часот наутро.
Прв пилот бил М. Јерошенко.
Есента во 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и во стариот Аеродром. Покана од аеродромот „Скопје“ до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија во 1938 година. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.
Во 1937 година, во договор со авионското друштво „Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството Југославија и со странство. Со оваа линија стигнувал и весникот „Правда” од Белград.
Аеродромот бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.
Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот „Славија” бил формиран од трите спортски клубови „Југ”, „Победа” и „Славија”, кои настапувале под името Железнички клуб „Славија” ЖКС.
ГеографиjaУреди
Граници на општината се следните: од мостот на железничката пруга на реката Вардар – тромеѓе на Општина Аеродром, Центар и Гази Баба и се движи долж Транспортен центар „Скопје”, железничката пруга во правец кон Велес до мостот Маркова река, продолжува по надворешната граница на катастарска општина Долно Лисиче до реката Вардар и свртува спротивно до мостот на железничката пруга на реката Вардар.
Територија на општината е 20 км2, од кои урбан дел е 10,4 км2 или 60%, а рурално земјиште 9,6 км2 или 40%.
СтопанствоУреди
Број на фирми:
- 6.788 регистрирани деловни субјекти со пријавени работници (податокот е од Агенција за вработување).
ДемографијаУреди
Вкупен број на население: 98.382 жители.[1][се бара извор]
Пол:
- женски: 49.487[се бара извор]
- машки: 48.895[се бара извор]
Националност:
- Македонци: 91,9%[се бара извор]
- Срби: 3,2%[се бара извор]
- Роми: 0,8%[се бара извор]
- Турци: 0,8%[се бара извор]
- Власи: 0,6%[се бара извор]
- Албанци: 0,1%[се бара извор]
- Други: 2,8%[се бара извор]
Образование (за лица над 15 години):
- без основно: 488[се бара извор]
- некомплетно основно: 2264[се бара извор]
- основно: 9254[се бара извор]
- средно: 35078[се бара извор]
- вишо: 2535[се бара извор]
- високо: 10603[се бара извор]
- магистри: 417[се бара извор]
- доктори: 274[се бара извор]
- возрасни кои учат ОУ: 20[се бара извор]
(невработени 13.000; 10% ВСС); домаќинства 21.495; станови (живеалишта) 23.754[се бара извор]
Спроед податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Аеродром во 2011 се зголемил за 9,9 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Аеродром е прва општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[2]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Во 2017 година, општината имала вкупно 976 вработени, од кои 109 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Аеродром е Златко Марин од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Аеродром е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Досегашни градоначалнициУреди
Досегашни градоначалници на Општина Аеродром биле:[5]
- Кирил Тодоровски (2005-2009)
- Југослав Зибероски (заменик-градоначалник 2008)
- Ивица Коневски (2009-2017)
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Општина Аеродром, Портрет“. Завод за статистика на Македонија. 2005. Архивирано од изворникот на 31 јули 2015. Посетено на 23 мај 2013.
- ↑ Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Општина Аеродром, Досегашни градоначалници“
Надворешни врскиУреди
„Општина Аеродром“ на Ризницата ? |