Канатларци
Канатларци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Канатларци | |
Координати 41°12′37″N 21°30′11″E / 41.21028° СГШ; 21.50306° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 1.202 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7514 |
Шифра на КО | 20044 |
Надм. вис. | 599 м |
Слава | Голема Богородица |
Канатларци на општинската карта Атарот на Канатларци во рамките на општината | |
Канатларци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел на Прилепското Поле, оддалелечено 23,5 километри јужно од Прилеп.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канатларци живееле 915 жители, од кои 840 Турци, 55 Македонци и 20 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канатларци имало 55 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Канатларци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 142 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.650 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Канатларци живеат 972 жители и претставува голема населба.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.202 жители, од кои 79 Македонци, 2 Албанци, 973 Турци, 102 Бошњаци и 46 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 2.335 |
1953 | 2 | 1 | 2.650 | — | — | — | ... | 2 | — | 2.655 |
1961 | 575 | — | 916 | ... | ... | 6 | ... | 26 | — | 1.523 |
1971 | 551 | 1 | 450 | — | ... | 10 | ... | 19 | — | 1.031 |
1981 | 331 | 7 | 630 | — | — | 2 | ... | 71 | — | 1.041 |
1991 | 188 | 1 | 772 | — | — | 1 | ... | 64 | — | 1.026 |
1994 | 184 | — | 771 | — | — | 1 | ... | 34 | — | 990 |
2002 | 111 | 1 | 791 | — | — | — | 69 | — | — | 972 |
2021 | 79 | 2 | 973 | — | — | — | 102 | — | 46 | 1.202 |
Родови
уредиКанатларци е македонско-турско-бошњачко-албанско село.
- Турски родови се: Текешенлар (17 к.), Шемкалар (10 к.), Буцкалар (40 к.), Кртелер (40 к.), Ќиванлар (24 к.), Пилелер (24 к.), Суљишлер (20 к.), Асанчелер (15 к.), Абусинлар (20 к.), Амзалар (25 к.), Максутлар (15 к.), Чочанлар (30 к.), Софталар (25 к.), Дауталар (10 к.), Максуталар (20 к.) и Кивалар (5 к.). Последниот род е доселен од селото Карамани. Сите турски родови се доселени во XVIII век од Мала Азија.
- Македонски родови: На имотите на иселените Турци во периодот на 1955/56 година во селото се доселени македонски родови од Охридско, Дебрца (16 к. од селата, Лактиње, Годивје, Црвена Вода, Песочани и Белчишта), Кичевско (1 к. од селото Душогубица), Мариово (1 к.), Железник (1 к. од Илино), Бонче (1 к.) и од Струшко (1 к.).
- Бошњачки родови: Козиќи (5 к.), Рустемовиќи (2 к.), Тмушиќи (2 к.) и Латовиќи (1 к.) доселени се во 1955 година од селото Дунишиќ кај Сјеница; Реџо (1 к.) доселени се кога и претходните родови од некое село кај Нови Пазар.
- Албански родови: 1955 и 1956 година на имотите на иселените турски родови се населиле и шест албански домаќинства, потекнувале од села кај Косовска Митровица.[9]
Општествени установи
уредиВо Канатларци се наоѓа основното училиште „Кирил и Методиј“ во кое се изведува настава на македонски и турски јазик.[10]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1494 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[13]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - најновата селска црква;[14]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиВо 1955 и 1956 година, 50 турски семејства од селото се иселиле во Турција. Иселување во Турција имало и после 1956 година.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Лична карта - Оу.Кирил и Методиј с. Канатларци Прилеп“. schools.edu.mk.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Осветување на камен темелник за изградба на нов храм во село Канатларци
Надворешни врски
уреди„Канатларци“ на Ризницата ? |