Градско

село во Општина Градско

Градско — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Клепа, во околината на градот Велес.

Градско

Поглед на селото од патот кон Горно Чичево

Градско во рамките на Македонија
Градско
Местоположба на Градско во Македонија
Градско на карта

Карта

Координати 41°34′39″N 21°56′34″E / 41.57750° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.57750; 21.94278
Регион  Вардарски
Општина  Градско
Област Клепа
Население 2.008 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29018
Надм. вис. 135 м
Слава Ѓурѓовден
Градско на општинската карта

Атарот на Градско во рамките на општината
Градско на Ризницата

Низ годините, селото има прераснато во мало гратче и поседува бројни општествени установи.[2]

Потекло на името

уреди

Самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби, оддалечена 3 километри источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија, градот Стоби бил разрушен и опустошен. Поради тоа околното население го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејќи со време придавката Пуст одпаднала останало името Град, кое подоцна се нарекло Градско.[3]

Географија и местоположба

уреди

Ова големо село се наоѓа на крајниот јужен дел на истоимената општина, од десната страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Росоман.[2] Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 135 метри. Од градот Велес селото е оддалечено нешто повеќе од 20 километри.[2]

Во минатото селото се наоѓало на самата траса на регионалниот пат од Велес до Гевгелија, а денес е во непосредна близина на новиот автопат помеѓу овие два града.[2]

Селото Градско се наоѓа во рамнина, на десниот брег на реката Вардар, над устието со Црна Река. До 1912 година, селото земало вода од самата река, за подоцна да биде ископан бунар. По Првата светска војна биле ископани четири пумпи.[3]

Селото имало чифлички карактер во минатото, но денес претставува збиена населба, долж патот за станицата Градско.[3]

Селото Градско или старата населба се наоѓа непосредно до брегот на реката Вардар,[2] на оддалеченост од 2 километри источно од новата населба Градско, која е сместена на самата железничка пруга СкопјеСолун. До селото, поголеми градови се Неготино и Кавадарци, оддалечени околу 18 километри на север од местото.

Историја

уреди
 
Градско за време на Првата светска војна
 
Старата железничка станица во Градско, која била минирана од германските трупи во 1944 година при нивниото повлекување од Солунскиот фронт. Во времето на нејзиното постоење била една од најголемите и најубавите во Македонија

Во XIX век, Градско било село во Велешката каза, нахија Клепа, на Отоманското Царство.

Сѐ до изградбата на железничката линија Велес-Прилеп-Битола во средината на 1930-тите години, Градско имало тенденција да порасне во поголема населба, бидејќи од кон Прилеп водела теснолиниска пруга, која што престанала со работа по изградбата на стандардната пруга.[2]

Селото во Втората светска војна било ослободено од страна на Петтата македонска народноослободителна бригада на 6 септември 1944 година.[4]

Стопанство

уреди

Селото зафаќа простор од 12,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина 782,5 хектари, пасиштата заземаат 267 хектари, додека на шумите отпаѓаат само 47,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Селаните главно се занимавале со земјоделство, употребувајќи ги површините покрај реките Вардар и Црна. Неговите пасишта се користат во зимно време од страна на овчари од другите краеви од земјата.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948660—    
1953809+22.6%
19611.132+39.9%
19711.463+29.2%
19811.924+31.5%
ГодинаНас.±%
19912.298+19.4%
19942.221−3.4%
20022.219−0.1%
20212.008−9.5%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Градско било село со 11 домаќинства и 49 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 158 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градско имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]

Градско е големо село, коешто во 1961 година броело 1.132 жители, од кои 1.035 биле Македонци, 35 Турци, 23 Албанци и 22 Срби. По голема имиграција на населението, Градско во 1994 година пораснало на 2.221 жител, од кои 1.936 биле Македонци, 18 Турци, 31 Ром, 8 Албанци, 9 Срби и 219 други (претежно муслимани од Санџак).[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Градско живееле 2.219 жители, од кои 1.920 Македонци, 6 Албанци, 7 Турци, 48 Роми, 14 Срби, 215 Бошњаци и 9 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.008 жители, од кои 1.651 Македонец, 10 Албанци, 16 Турци, 82 Роми, 13 Срби, 154 Бошњаци, 13 останати и 69 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Градско:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 660
1953 718 43 19 0 22 7 809
1961 1.035 23 35 22 17 1.132
1971 1.280 55 41 1 20 66 1.463
1981 1.625 16 23 7 26 227 1.924
1991 1.940 10 47 12 25 264 2.298
1994 1.936 8 18 31 9 219 2.221
2002 1.920 6 7 48 14 215 9 2.219
2021 1.651 10 16 82 13 154 13 69 2.008

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

уреди

Селото Градско е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите негови родови се доселени. Како родови во Градско се споменуваат:[3]

  • Постари доселеници: Димовци (Долно Маало, 2 к.), дошле на чифлик на почетокот на XIX век; Крстевци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на XIX век и Левовци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на XIX век.
  • Понови доселеници: Темелковци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1860 година; Станковци (Долно Маало, 1 к.), доселен извесен Нацо од Турска Курија околу 1865 година; Коцевци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1874 година; Соколовци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1888 година; Димитријовци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Свеќани околу 1895 година; Јовановци (Горно Маало, 1 к.), доселен извесен Диме од Грнчиште околу 1896 година; Коловци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1898 година, а претходно живееле во Курија, Камен Дол и Мрзен Ораовец; Андовци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Курија околу 1903 година; Науновци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Џидимирци (Неготинско) околу 1905 година; Ставровци (Долно Маало, 1 к.), дошол извесен Трајче од Марена околу 1911 година и Маѓаровци (Горно Маало, 1 к.), дошол извесен Андреја од Долно Чичево околу 1915 година, а по потекло од Дојран.

Општествени установи

уреди

Како развиено село и седиште на општина, Градско поседува бројни општествени установи:

Општествени установи во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955 година, селото било седиште на тогашната Градска општина, во која покрај Градско се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чилево, Долно Чичево, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Градско, во која влегувале селата Градско и Уланци.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2218, 2219 и 2219/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.922 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[13]
  • Стоби — градска населба од античко време
Цркви[14]
Споменици од НОБ
  • Споменик на НОБ
Реки[16]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди
Родени во Градско
Починати во Градско

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 82. ISBN 9989-862-00-1.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ; Воислав (1924). Tikveš i Rajec : antropogeografska ispitivanja. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28391240.
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петрушевски-Папучар“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1154. Text "series " ignored (help)
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 118 – 119.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 мај 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 мај 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-01-12. Посетено на 21 мај 2020.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Продолжува градбата на нови духовни светилишта
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 67. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди