Мала Речица

село во Општина Тетово


Мала Речица — село во Општина Тетово, во непосредна близина на градот Тетово.

Мала Речица
Mala i Golema Rečica.JPG
Мала Речица во рамките на Македонија
Мала Речица
Местоположба на Мала Речица во Македонија
Мала Речица на интерактивна карта

Карта

Координати 41°59′33″N 20°57′28″E / 41.99250° СГШ; 20.95778° ИГД / 41.99250; 20.95778Координати: 41°59′33″N 20°57′28″E / 41.99250° СГШ; 20.95778° ИГД / 41.99250; 20.95778
Општина Тетово
Население 2.468 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1201
Шифра на КО 28044
Мала Речица на општинската карта
Мала Речица во Општина Тетово.svg

Атарот на Мала Речица во рамките на општината
Commons-logo.svg Мала Речица на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа јужно од градот Тетово, оддалечено само 3 километри од центарот на градот, со што може да се смета и како негово предградие. Се наоѓа на 460 метри надморска височина.

ИсторијаУреди

За настанокот на името на Мала Речица се врзува легендата со овчарот Невен Пејо. На Шар Планина недалеку од Тетово постоело место со повеќе богати извори на минерална вода на кои често навраќал овчарот Невен Пејо со своето стадо, да пладнува под сенките на костените и да пие ладна планинска вода. Под изворите со кисела вода, градинарите подигнале убави овоштарници, а тука почнале да градат и куќи. Тука настанало селото Мала Речица кое до денешен ден е познато по најдобрите градинари во Полог[2].

Од поновата историја Мала Речица ќе биде запаметена по отворањето на нелегалниот парауниверзитет на албански јазик во 1994 година[3]. По непочитувањето на одлуката на Владата за негово затворање, во 1995 година следеше полициска акција и масовни нереди во кои загинало едно лице.

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948610—    
1953671+10.0%
1961957+42.6%
19711.963+105.1%
19813.853+96.3%
ГодинаНас.±%
199160−98.4%
19947.005+11575.0%
20028.353+19.2%
20212.468−70.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Речица живееле 300 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Мала Речица — село во Долнопалчишка општина и има 60 куќи со 408 жители Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 8.353 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија. Во него имало 1 Македонец, 8.321 Албанец, 4 Турци, 1 Србин и 26 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.468 жители, од кои 1 Македонец, 2.337 Албанци и 130 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 610 671 957 1.963 3.853 60 7.005 8.353 2.468
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

РодовиУреди

Мала Речица е албанско село.

Најстариот албански род во тетовското село Мала Речица е Кичик (50 куќи). Потекнува од родот Красниќ во северна Албанија. Овде најпрвин дошол нивниот предок Асан, додека неговиот брат Фазлија тогаш се населил во некое тетовско село близу Мала Речица и таму основал посебен род- Фазлие (14 куќи). Доселени се кон крајот на 18-от век.[12]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1989, 1989/1, 1990, 1990/1, 1991, 1991/1, 1992, 1992/1, 1993, 1993/1, 1994 и 1994/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на земјоделско училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 7.790 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви и манастириУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

  • Сервет Авзиу (р. 1 октомври 1946) - македонски политички деец, новинар и стопанственик.
  • Бедредин Ибраими (р. 1952) - македонски политичар, поранешен вицепремиер и министер во Владата на Македонија од 1998 година
  • Абдулменаф Беџети - универзитетски професор

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.33
  3. http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2313&stID=25776[мртва врска]
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 213. ISBN 954430424X.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 22.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
  13. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врскиУреди