Валандово

град во Општина Валандово

Валандовоград во југоисточниот дел на Република Македонија на патот кон Дојран, и административен центар на Општина Валандово. Од Валандово се двои и пат кон Струмица.

Валандово
Град
Знаме на ВаландовоГрб на Валандово
Валандово is located in Македонија
Валандово
Валандово
Местоположба на Валандово во Македонија
Координати: 41°19′N 22°33′E / 41.317° СГШ; 22.550° ИГД / 41.317; 22.550
ДржаваРепублика Македонија
РегионЈугоисточен Регион
ОпштинаОпштина Валандово
Управа
 • ГрадоначалникПеро Костадинов (СДСМ)
Население (2021)
 • Вкупно3,671
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 034
Рег. таб.VA
Мреж. местоwww.valandovo.gov.mk

Географија

уреди
 
Центарот на градот

Денешното валандовско административно–територијално (општинско) подрачје се наоѓа на јужниот дел на Македонија, во областа Бојмија, распространето на југ од Демиркаписката Клисура, источно од реката Вардар и на запад и север од планинските огранки на Плавуш и Беласица. На север од валандовскиот крај се протега Тиквешката област односно Неготинското општинско територијално подрачје. Нив ги дели планинската теснина на реката Вардар формирана од краиштата на Кожуф планина. Валандово се наоѓа на 170 метри надморска височина и претставува една од најниските котлини во Македонија. Градот е оддалечен 23 километри југозападно од Струмица, 25,5 километри североисточно од Гевгелија и 18 километри северно од Нов Дојран.

Историја

уреди

Античка историја

уреди

На просторот на денешно Валандово во античко време постоела римска населба, за што сведочат откриените римски мозаици и други археолошки материјали во разните делови на градот. На подрачјето на Општина Валандово биле откриени четириесет археолошки наоѓалишта, меѓу кои позначаен е античкиот град Исарот, кај селото Марвинци, кој се идентификува со древниот град Идомена чие потекло било од крајот на 5 век п.н.е. и се наоѓал на патот Солун - Белград. Градот доживеал процут во римско време, но во почетокот на 6 век бил разурнат од силен земјотрес.

По исчезнувањето на античкиот град Исарот, во значајна стратешка населба во Валандовската котлина прераснало Валандово. Одделни изворни материјали и преданија говорат дека античкиот град врз чии темели лежи денешно Валандово, во раниот византиски период бил споменуван со името „Мал Цариград“.

Средновековна историја

уреди

Словените се населиле во Валандово и во неговата околина кон крајот на 6 век или во почетокот на 7 век. Тогаш биле забележани големи промени, како во однос на структурата на населението, така и во менувањето на топонимите на населените места. Во писмените извори градот првпат се споменува во 10 век со името Валандер. Но, тоа не значи дека Валандово како населба не постоело и пред тоа. Потврда се археолошките наоди во градот. Името „Валандер“ било добиено од „убавата местоположба на градот во долината“. Убава долина или добра долина, на старословенски јазик значело „валјан дол“ („валандол“ односно Валандово) . Инаку убавата валандовска долина ги имала и епитетите: „златна долина“, „зелена долина“ и сл.

Средновековно Валандово било споменувано и со името Алавандово, во значење на „цветен град“ („град на цвеќето“). Под ова име градот бил споменат во една црковна повелба на српскиот цар Душан од 1349 година.[1] Од зборот „Алавандово“, со отпаѓање на првата буква „а“ и преку метатеза на првите слогови, било добиено името Валандово.

 
Валандово во почетокот на XX век

Османлиски период

уреди

Во втората половина на 17 век, градот го посетил и познатиот турски патописец Евлија Челебија. Во неговите белешки за Валандово, меѓу другото запишал: „В'ландова, е мало гратче, населено повеќето со христијани и само мал број муслимани. Населбата го носи името на неговиот основач Валандова, кој го подигнал манастирот „Свети Ѓорѓи.“ Гратчето има 150 куќи, со 900 жители, а чаршијата е составена од 50 дуќани. Во него има и една месџита (мала џамија без минаре), амам, два ана, а не се сеќавам дали имаше мектеба, медреса и теќиња... Опкружено е со лозја и бавчи... Има и убав манастир со калуѓери. Не сум видел поуреден манастир од него.“[2]

Современа историја

уреди
 
Споменик од НОБ во Валандово

Валандово во својата многувековна историја имало многу падови и подеми. Градот повеќепати настрадал од природни катаклизми (земјотреси, пожари, поплави, епидемии и сл.) како и од воени дејствија на туѓите освојувачи на овој простор. Во историјата на градот Валандово мошне е значаен 19 век, кога благодарение на погодната местоположба достигнал голем развој. Според кажувањата, тогаш во градот била развиена трговијата. Се извезувало: добиток, кожи, пастрма, масло, волна, свила, калинки, грозје и други земјоделско-сточарски производи, и тоа претежно во Солун.

 
Центарот во Валандово

Во 19 век Валандово било многу важно транзитно-сообраќајно место. Во патните правци север-југ секојдневно се движеле трговци и кираџии, со карвани и запрежни коли, натоварени со трговска стока. Ова многу придонело во Валандово да живне стопанската активност, да се развијат трговијата и занаетчиството.

Тогашното село било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Валандово било дел од Дојранската каза и имало 1.195 жители, од кои 820 Македонци, 285 Турци и 90 Роми.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, гратчето имало 1.350 Македонци.[5]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 4.402 жители и спаѓал во групата на мали градови.[6]

Етнички гледано, населението е составено од:[7]

Етнички групи[7]
Македонци
  
97,2 %
Срби
  
1,3 %
Турци
  
0,6 %
други
  
0,5 %
Роми
  
0,3 %
Власи
  
0,02 %
Бошњаци
  
0,02 %
Националност Вкупно
Македонци 4.279
Турци 26
Роми 13
Албанци 0
Власи 1
Срби 58
Бошњаци 1
Други 24
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:

Јазици[7]
македонски
  
97,8 %
српски
  
1,2 %
турски
  
0,4 %
други
  
0,4 %
ромски
  
0,3 %
влашки
  
0,02 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 4.303 97,8
турски 17 0,4
ромски 12 0,3
влашки 1 0,02
српски 53 1,2
други 16 0,4
Вероисповед

Во Валандово се застапени следните религиски групи[7]:

Религија[7]
православие
  
92,3 %
други
  
6,7 %
ислам
  
0,7 %
католицизам
  
0,2 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 4.064 92,3
муслимани 33 0,7
католици 9 0,2
други 296 6,7

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Валандово:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.992—    
19532.178+9.3%
19612.201+1.1%
19712.779+26.3%
19813.798+36.7%
ГодинаНас.±%
19914.442+17.0%
19944.357−1.9%
20024.402+1.0%
20213.671−16.6%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.992
1953 2.087 1 20 26 3 22 19 2.178
1961 2.097 1 20 50 33 2.201
1971 2.659 7 9 0 74 30 2.779
1981 3.611 28 13 9 0 87 50 3.798
1991 4.257 0 22 15 0 83 65 4.442
1994 4.234 1 24 18 0 62 18 4.357
2002 4.279 0 26 13 1 58 1 24 4.402
2021 3.393 1 47 16 0 47 1 36 130 3.671

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство

уреди
 
Оранжерии во Валандово

Главна стопанска гранка на населението е земјоделството особено одгледување на житни култури, винова лоза, бостан, градинарски култури (пиперки, домати), тутун и др. Во градот постојат и два индустриски капацитети од прехранбената (фабриката за кондиторски производи „9 Ноември“) и текстилната индустрија, а работат и повеќе доста успешни приватни фирми од областа на винарството, цигарите и тутунопроизводството, кои имаат поволни услови за развој поради близината на Валандово до грчката граница.

Култура

уреди

Фолк Фест Валандово

уреди

Фестивалот Фолк Фест Валандово за првпат бил одржан во 1985 година. Денеска, овој фестивал е еден од најпознатите фестивали на Балканот, на кој учествуваат фолк-пејачи од Македонија и Балканот.

Опшествени институции

уреди
 
Црквата „Св. Димитриј“
 
Внатрешноста на црквата „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[8]
Цркви
Образование

Спорт

уреди

Родени во Валандово

уреди

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди
  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 139.
  2. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 14
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 март 2016.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Освет на камен темелник за нова црква, Валандово
  10. „Валандово се збратими со Сиврихисар, Р. Турција“. www.jugoinfo.mk.

Надворешни врски

уреди
Одредници од Валандово
Удово Раборци
 
Банско
Миравци и Марвинци
  С  
З   И
  Ј  
Богданци