Петрино
Петрино — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба уреди
Петрино — село во Преспа. Соседни села на Петрино се: од север и исток Болно, од југ со Евла, и од запад со селата Велгошти, Рамне и Скребатно.
Историја уреди
Петрино е дислоцирано село, за негова претходна местоположба се спомнува дека било во месноста Старо Село, на околу 4 км северозападно од денешното.
Во XIX век, Петрино било село во нахијата Горна Преспа во Битолската каза на Отоманското Царство.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 118, а во 1961 година - 98. По 1980 година селото е целосно раселено.
Според пописот од 2002 година, во селото Петрино немало жители.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 78 | 112 | 128 | 118 | 98 | 29 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови уреди
Петрино било македонско село.
Родови во селото биле: Василевци, Јанчевци, Митревци, Раличевци, Ристевци и Темелковци.[7]
Избирачко место уреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Болно.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 204 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Старо Село — црква и некропола од средниот век на првобитното место на селото;
- Кале — населба од римско време и среден век;
- Цркви[11]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главна манастирска црква на Петринскиот манастир. На 22 октомври 1995 година осветен камел темелникот, а на 22 онтомври 2016 година комплетно осветена црквата;[12]
- Црква „Св. Симеон Столпник“ — параклис во Петринскиот манастир;
Личности уреди
- Мице Кипрев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Крсте Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Ламбе Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Тале Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Ѓорги Василев Караѓозовски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Илија Кипрев Кипревски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Миле Митрев Настевски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
Иселеништво уреди
До 1949 година неколку семејства се иселиле во САД, Аргентина и во Бугарија.
Денес ова село е целосно раселено.
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ОСВЕТУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ (ИВАНДЕН), с. Петрино[мртва врска]
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 14,0 14,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)