Трубарево
Трубарево — село во Општина Гази Баба, во непосредна близина на градот Скопје.
Трубарево | |
![]() Поглед на дел од селото Трубарево | |
Координати 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГДКоординати: 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД | |
Општина | Гази Баба |
Население | 2470 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1000 |
Шифра на КО | 25135 |
Надм. вис. | 224 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Трубарево се наоѓа на 21°31'46" источна географска должина и 41°59'0" северна географска ширина. Надморската височина на селото е 240 м. Сместено е во Скопската Котлина. Трубарево е низинско место. Во Трубарево поминува реката Вардар. Трубарево е опкружено со Планината Китка на југ, Скопска Црна Горана север, Водно на југозапад и Шар Планина на запад.Селото се наоѓа на 10 километри источно од центарот на Скопје на регионалниот пат Скопје - Велес. Во близина на селото се наоѓаат населените места Маџари, Гоце Делчев, Јурумлери, Горно Лисиче и Долно Лисиче. Трубарево зафаќа површина од 4,4 км2.
КлимаУреди
Климата во Трубарево е топла сува континентална. Трубарево поради својата местоположба е суво и топло село. Најтопли се летните месеци јуни, јули и август, кога температурата често достигнува до 40 °C а најладните се декември, јануари и февруари кога температурата се спушта до -10 °C. Средните температури во лето се 35 °C а во зима -1 °C. Во лето просечно 17 дена се со 40 °C а во зима 5 дена се со температура од -10 °C и пониска. Планините кои го опкружуваат го задржуваат дождот и затоа Трубарево е многу суво. Годишното количество на дожд изнесува 432 мм. Дождот најчесто паѓа од октомври до декември и од април до јуни. Од јули до септември има многу малку дожд со просечно 4 врнежливи денови. Трубарево е многу сончево, со околу 310 сончеви денови во годината.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.669 жители. Следува табела на националната структура на населението.[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 973 |
Турци | 12 |
Роми | 14 |
Албанци | 494 |
Власи | 0 |
Срби | 124 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Трубарево има 2.470 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 1.772 |
Албанци | 334 |
Турци | 8 |
Роми | 4 |
Власи | 0 |
Срби | 85 |
Бошњаци | 2 |
Други | 265 |
Население низ историјатаУреди
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 56 | 410 | 1.047 | 1.078 | — | — | — | — | 2.669 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
РодовиУреди
Според исражувањата од 1953 година, родови во Трубарево се
Македонски
- Доселеници: Кацовци (3 к.) по потекло се од Кичевско. Имаат истоимени роднини во селото Мралино. По доселувањето во скопско, нивните предци најпрво се задржале во некои други околни села; Трпковци (2 к.) доселени се однекаде; Кумановци (1 к.) доселени се од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Јурумлери и Мралино; Кукачовци (4 к.) доселени се однекаде; Минчевци (2 к.) доселени се од Идризово; Боцевци (3 к.) доселени се од Горно Лисиче. А таму од Ракотинци; Дандаровци (2 к.) доселени се Горно Лисиче; Симоновски (1 к.) доселени се од селото Сопиште. Таму припаѓале на родот Белевци; Ивановци (1 к.) и Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од селото Говрлево. Таму биле староседелци; Славко (1 к.) Славко дошол како домазет од селото Бродец.
Српски
- Доселеници: Радоњиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од Цетиње во Црна Гора; Миниќи (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Локошница кај Лесковац; Васовиќи (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Гајтана кај Јабланица; Богдановиќи (1 к.) доселени се од Кралева Куќа кај Бујановац во 1937 година; Мишиќи (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Љиљаљанца кај Бујановац; Ташковиќи (1 к.) доселени од исто место како и претходниот род во 1949 година.
Албански
- Доселеници: Фејзовци (6 к.), Еминови (2 к.), Рамаданови (2 к.), Јашарови (1 к.), Риза Кадри (1 к.), Шаќировци (1 к.), Амзови (1 к.), Бислимови (1 к.), Реџепови (1 к.), Меметови (1 к.), Пајазитови (1 к.), Реџепови (2 к.), Риза Реџеп (1 к.), Алија Адем (1 к.), Шаќирови (2 к.), Мурат Зеќир (1 к.) сите се албанизирани Роми, наречени Маљоци. И доселени се од разни места во Косово (околината на Гнилане, Призрен, Урошевац, Качаник).[7]
Општествени установиУреди
ЦрквиУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Дендропарк — арборетум кој постои од 1953 година;
- Острово — остаток од поранешното острово на Вардар кое во 1976 година било прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;
- Езерце — од 1994 година прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;
Редовни настаниУреди
Традиционално се одржува турнир во кошарка Бапка Ноќе.
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 — Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]