Али Коч
Али Коч (поретко: Аликоч) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Али Коч | |
Поглед на селото | |
Координати 41°40′49″N 22°25′40″E / 41.68028° СГШ; 22.42778° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Јуруклак |
Население | 393 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22001 |
Надм. вис. | 780 м |
Али Коч на општинската карта Атарот на Али Коч во рамките на општината | |
Али Коч на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 328 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[4] Со оглед на тоа што селото е сместено на југозападната падина на Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 780 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 6,5 километри.[4]
До селото води асфалтен пат.
Историја
уредиСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 7,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 409 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 211,8 хектари, а на пасиштата 110 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Али Коч Махала живееле 330 жители, сите Турци.[6]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Али Коч имало 166 жители, сите Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[8]
Во Али Коч живеат Турци (Јуруци), кои во 1961 година броеле 243 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 356 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Али Коч живееле 328 жители, сите Турци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 387 Турци и 6 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | — | 305 | 343 | 243 | 293 | 374 | 352 | 356 | 328 | 393 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиАли-Коч е турско (јуручко) село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
- Доселеници: Зубери (4 к.), Мемитовци (9 к.), Мемишови (4 к.), Усеиновци (7 к.), Аметовци (10 к.), Мустафовци (5 к.) и Исмаил-Деде (4 к.), сите се стари доселеници доселени во селото на почетокот од XVI век.
Иселеништво
уредиДел од жителите на селото се имаат иселувано во Турција.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш, кое иако е изградена не е пуштено во употреба и децата наставата ја следат во соседното село Коџалија.[15]
- Месна заедница
- Амбуланта
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Али Коч било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Али Коч, се наоѓале градот Радовиш и селата Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1603 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 296 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 312 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[5]
- Бабин Камен — некропола од железното време;
- Каратарла — средновековна населба;
- Кожа — тумул од железното време;
- Чаирлар — населба од доцноантичкото време; и
- Чатал Таш — некропола од железното време.
- Џамии[19]
- Џумали џамија — главна селска џамија.
Галерија
уреди-
Поглед на селото
-
Селската џамија
-
Селските гробишта
-
Спортско игралиште
-
Поглед на селото
-
Некогашна селска чешма
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 10. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ Мицева, Сузана (24 септември 2019). „Децата од радовишкото село Аликоч цел месец не одат во училиште“. Телма Телевизија. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.