Центар (населба во Скопје)

населба во истоимената општина во Скопје

Центар е населба во Скопје како која може да се смета потесниот дел од Општината Центар кој го опфаќа реонот на големиот сообраќаен прстен помеѓу улиците „Св. Климент Охридски“, „Св. Кирил и Методиj“, „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“.

Граници на потесниот центар на Скопје во рамки на Општината Центар.

Традиционално, во Скопје не постои „населба Центар“, бидејќи тој реон бил составен од повеќе маала, како Ново Маало, Пајко Маало, Маџир Маало, Еврејско маало и др.