Ораовец
Ораовец — село во областа Клепа, во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Ораовец | |
Стара куќа во селото | |
Координати 41°38′7″N 21°45′33″E / 41.63528° СГШ; 21.75917° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Област | Клепа |
Население | 24 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1413 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29050 |
Надм. вис. | 460 м |
Ораовец на општинската карта Атарот на Ораовец во рамките на општината | |
Ораовец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, во долното сливно подрачје на реката Бабуна, од нејзината десна страна.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 14 километри.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Ораовец било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа површина од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.308 хектари, на пасиштата отпаѓаат 939 хектари, а на обработливото земјиште 249 хектари.[2]
Селово, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ораовец имало 620 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ораовец имало 696 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Селото е мало и е во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година имало 205 жители, а во 1994 година само 28 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Ораовец имало 19 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 19 Македонци, 3 Власи и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 620 | 696 | 357 | 328 | 205 | 119 | 51 | 30 | 28 | 19 | 24 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиОраовец е македонско село.
Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:
- Староседелци: Цветковци (2 к.), Шарковци (2 к.), Здравевци (2 к.), Саздовци (2 к.), Аликовци (1 к.) и Мачавеловци (2 к.)
- Доселеници: Леовци или Арнаутовци (2 к.) доселени се веројатно од околината на Тетово, свештеникот Јован Леов имал три деца, он со своите деца плашејќи се од арнаутските банди се иселил во Бугарија околу 1900 година; Двориштани (3 к.) доселени се од селото Двориште, тиквешко. Од овој род потекнувал револуционерот од ВМОРО, Иван Наумов-Алабакот; Мијаковци (1 к.) потекнуваат од Ѓомо Мијакот, кој дошол како домазет од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Јаневци (1 к.) доселени се од соседното село Црквино. Околу 1900 година имале задруга од 40 луѓе. Чувале околу 400 овци, 200 кози; Егејци (6 к.) доселени се околу 1948 година како бегалци. Доселени се од воденско, поточно од селата Горно и Долно Родиво.[12]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Велес, која била намалена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велес.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Градско во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Ораовец, се наоѓале и селата Витанци, Војница и Крајници. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Макаровец-Пештера — населба во пештера од палеолитско и бронзено време
- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква
Личности
уреди- Родени во Ораовец
- Ангел Мојсовски (1923-2001) — народен херој на Југославија
- Емануил Исаков (?-?) — зограф
- Иван Наумов Аљабакот (1870-1907) — револуционер
- Милан Арсов (1884-1908) — револуционер
- Никола Зографов (1869-1931) — револуционер и просветен деец
- Павел Наумов (1883-?) — револуционер
- Пано Арнаудов (1877-?) — револуционер
- Тодор Оровчанов (1881-1927) — револуционер
- Трајко Гочев (?-?) — револуционер
Иселеништво
уредиОд селото има огромен број на иселеници. Еден дел се иселени пред крајот на турското владеење (70 к.), а другиот дел после Втората светска војна (40 к.). Населението е највише иселено во Скопје и Велес. Има и целосно иселени родови како: Цветковци, Таневци, Шумановци, Манчевеловци, Нешовци, Зугровци, Србовци, Малезановци, итн. Повеќето родови биле староседелци, а за Зугровци се мисли дека биле доселени од селото Папрадиште.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 220. Посетено на 31 август 2018.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 август 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 31 август 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 31 август 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 77. ISBN 9989-649-28-6.