Долно Коњари
Долно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинското средиште Петровец и на 29 километри југоисточно од градот Скопје.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Долно Коњари живееле 280 жители, од кои 240 Турци и 40 Македонци.[1]
Во 1971 година во Долно Коњари живееле 596 жители, од кои 20 Македонци, 64 Албанци, 193 Турци, 10 Срби и 309 останати.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 568 Бошњаци, 121 Албанец, 7 Македонци, 6 Турци и само двајца останати. Следува табела на националната структура на населението:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 7 |
Албанци | 121 |
Турци | 6 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 568 |
останати | 2 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 660 |
1953 | — | 1 | 671 | 18 | — | — | ... | — | 690 |
1961 | 98 | 1 | 371 | ... | ... | 1 | ... | 27 | 498 |
1971 | 20 | 64 | 193 | — | ... | 10 | ... | 309 | 596 |
1981 | 18 | 97 | — | — | — | 1 | ... | 540 | 656 |
1991 | 19 | 48 | 5 | 19 | — | 1 | — | 614 | 706 |
1994 | 20 | 106 | 6 | 9 | — | — | — | 601 | 742 |
2002 | 7 | 121 | 6 | — | — | — | 568 | 2 | 704 |
РодовиУреди
Долно Коњари било турско село, денес е доминанто бошњачко
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:[4]
Родови од турско потекло (Коњари-јуручко)
- Доселеници: Есе-Пашалар (16 к.) они се анадолски доселеници. Кон крајот на XVIII век нивниот предок Есед-Паша, се населил во соседното село Средно Коњари. Таму останале потомците на тој паша. А еден од синовите на Есед-Паша се населил во Долно Коњари. Жителите на овој род потекнуваат од тој син; Алколар (15 к.), Доналари (14 к.), Сејдолари (11 к.), Даутлари (9 к.), Скачкалари (9 к.), Јуруклери (6 к.) и Шерколари (3 к.) тие се Турци-Јуруци. Во Долно Коњари се доселиле од некое село во Овче Поле. Во родот Алколари го знаат следното родословие: Муарем (жив на 46 г. во 1953 година) Беадин-Батлиман-Алко, основачот на родот кој се доселил.
Родови од албанско потекло
- Доселеници: Елез Пала (21 к.) доселени се од Дебарско. Го знаат следното родословие: Нијаз (жив на 30 г. во 1953 година) Раман-Зејнула-Исен-Елез, кој се доселил; Емин-Буљукбаша (18 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 25 г. во 1953 година) Сабедин-Ештрев-Али-Емин, основачот на родот кој се доселил.
Ромски родови
- Доселеници: Фазлијини (1 к.), Али-Дамини (1 к.) и Куртишеви (2 к.) првите два рода во селото живеат од поодамна. Додека последниот род е доселен од селото В. Трновца кај Бујановац.
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Дервен — населба од неолитското време. На 2 кмзападно од селото, на левата страна на асфалтниот пат Скопје - Коњари, на блага падина, во нивата на ЗИК „Скопско Поле“, која зафаќа површина од 350 × 75 м, се среќава голем број фрагменти од керамички садови. Повеќето од нив се украсени во барботин и импресо-техника, а од облици има пехари на висока конусна нога, грниња, жртвеници, ситна антропоморфна пластика и др. Голем е бројот и на орудијата од кремен и камен.
- Долно Коњари — депо на средновековни монети. Во Музејот на Македонија во Скопје се чува депо од 2.400 бакарни скифати од XII-XIII век, пронајдени во околината на Долно Коњари.
- Ограѓе — населба од римското време. На 200 м западно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, на површина од околу 0,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Зеќир Рамчиловиќ (р. 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година.[5]
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Во селото порано живееле и православни Македонци. Тие потоа се иселиле во Горно Коњари (таму се родовите Долноселци, Чакареви), Сушица (Долноселци).
Од 1912 година од селото почнало да се иселува и муслиманското население. До 1953 година во Турција се иселиле 14 семејства.[4]
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.207
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 4,0 4,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ ПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ