Иванковци

село во Општина Велес

Иванковци — село во Општина Велес, во околината на градот Велес. До средината на XX век, главно 70 % од населението го сочинувале Турци, кои потоа масовно се иселиле во матичната земја.

Иванковци

Поглед на селото Иванковци

Иванковци во рамките на Македонија
Иванковци
Местоположба на Иванковци во Македонија
Иванковци на карта

Карта

Координати 41°50′56″N 21°49′13″E / 41.84889° СГШ; 21.82028° ИГД / 41.84889; 21.82028
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 639 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1407
Шифра на КО 29026
Надм. вис. 480 м
Иванковци на општинската карта

Атарот на Иванковци во рамките на општината
Иванковци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото лежи на надморска височина од 480 метри и се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Отовица. Од градот Велес е оддалечено 20 км. Иванковци се наоѓа во историската област Повардарие, се наоѓа под Градиштанска планина. Иванковци е доста развиено село во него работи осумгодишно основното училиште „Стојан Бурчевски“, амбуланта, фабрички погон, пошта, 5 продавници, ресторани и угостителски објекти, а има и земјоделска задруга.

Површината на селскиот атар изнесува 30км2.

Климата е изменета континентална со силно влијание од Егејскиот дел.

Историја

уреди

Во XIX век, Иванковци било село во Велешката каза, на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Иванковци претставува едно од најразвиените села во Општина Велес. Земјоделието е главна движечка алка на економијата во селото. Преку проектот " Рурален развој " од ИПАРД програмата значително се зголеми обработливата површина и се употребува најсовремена земјоделска механизација за негова обработка која во голем дел е добиена од истоимениот проект.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.625—    
19531.830+12.6%
19611.181−35.5%
19711.169−1.0%
19811.009−13.7%
ГодинаНас.±%
1991912−9.6%
1994874−4.2%
2002857−1.9%
2021639−25.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 900 Турци и 200 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во Иванковци живеат 857 жители (од кои 685 Македонци и 172 Срби) и претставува голема населба.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 639 жители, од кои 569 Македонци, 59 Срби и 11 лица без податоци.[4]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.625
1953 525 1.298 4 3 1.830
1961 886 272 23 1.181
1971 872 268 28 1.169
1981 828 175 6 1.009
1991 752 149 11 912
1994 716 157 1 874
2002 685 172 857
2021 569 59 11 639

Родови

уреди

Според истражувањата во 1931 година родови во селото биле:

Турски

  • Доселеници: Тракелер (1 к.), можеби потекнуваат од првите турски доселеници во селото; Небилер (7 к.) стари доселеници од Велес, а по уште подалечно потекло од Кочилари; Драгчелер (9 к.), Оџалар (2 к.) и Солаклар (3 к.) сите се доселени од Кочилари, а познати се и како Кочиларли; Кочиларли (3 к.) доселени се исто така од селото Кочилари; Сулејмановиќ (1 к.) они се стари доселеници од Коња, али се од арапско потекло; Бајрамовиќ Емин (1 к.) доселени се од овчеполското село Бекирлија, уште подалечно потекло од велешко Оризари; Гечколар (1 к.) стари доселеници од околината на Призрен во Косово, во 1931 година биле само една кука, бидејќи повеќето биле веќе иселени во Турција; Оџалар (2 к.) стари доселеници од тетовско. до 1931 година веќе имале доста иселеници во Турција; Пашолар (1 к.) доселени се од Овче Поле; Харамилар (9 к.) доселени од областа Гора во Косово. Овде се Турцизирале; Топалар (1 к.) доселени од Овче Поле; Касаплар (5 к.) и Грбаклар (1 к.) биле од заедничко потекло. Доселени биле од Велес; Кајабашалар и Осиболар (6 к.) доселени биле од Прилеп или Битола; Акмуратлар или Бормутлар (1 к.), Јајалар (6 к.), Нашколар (1 к.) и Бошнаклар (1 к.) доселени се од Овче Поле, Бошнаклар се така наречени поради еден нивен предок кој бил во војска во Босна; Маџирлер (1 к.) доселени се во 1878 година од Ловеч во Бугарија; Основачот на родот дошол како домазет во родот Дракчелер; Мемедовиќ (1 к.) и Сулејмановиќ (1 к.) доселени се од селото Горобинци во Овче Поле; Сичанлар (3 к.), Јајабашалар (14 к.), Аколар (3 к.), Ксрабдилер (5 к.), Годолар (4 к.), Кокошлар (1 к.), Газилер (1 к.), Кунелер (1 к.), Ајрушлар (2 к.), Ќорсаплер (5 к.), Коџалатифлер (1 к.), Коџаметлер (3 к.), Табаклар или Мажоклар (3 к.), Шашилер (1 к.), Ајазлар (2 к.), Тодорлар (1 к.), Чафичер (1 к.), Кесе или Коселер (2 к.), Алитовиќ (1 к.), Ризванлар (2 к.), Фејзулар (3 к.), Метруклар (3 к.), Сакаитлер (1 к.), Хамзалар (8 к.), Даналар (3 к.), Мујколар (2 к.), Адилер (6 к.), Чачкалар или Џашкалар (2 к.), Саитлер (1 к.), Шапкалар (1 к.), Пизолар или Тајраплар (1 к.), Рушидлер или Крујзидер (1 к.), Оџабакилер (4 к.), Мекилер (2 к.) и Ашиклер или Силколар (1 к.) сите овие родови се доселени со непознато потекло.

Албански и торбешки

македонски

  • Доселеници: Атанасовиќ (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Приковци кај Кратово. Родот им се вика Врбичани, уште подалечно потекло имаат од селото Петралица кај Крива Паланка; Стоиљковиќ (1 к.) доселени се во 1928 година од селото К’шање кај Куманово; Ристиќ (1 к.) доселени се од селото Опила кај Крива Паланка; Митиќ (1 к.) доселени се од селото Железница кај Кратово; Јован Алексиќ или Николиќ (1 к.) доселени се исто од Железница кај Кратово. А уште подалечно потекло од околината на Врање во Србија; Ефремовиќ или Доневиќ (1 к.) доселени од селото Нежилово кај Кратово, а уште подалечно потекло од околината на Врање; Атанасовиќ (1 к.) и они се од селото Нежилово; Велиновиќ или Спасевиќ (1 к.) доселени од селото Филиповци кај Кратово. Таму потекнуваат од родот Стојчевци. Уште подалечно потекло од околината на Бабуна во велешко; Спасиќ (1 к.) доселени се од селото Живалево кај Кратово, каде припаѓале на родот Кушевци; Атанасовиќ или Лепановски (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Петковиќ или Заревиќ (1 к.) доселени се од селото Крилатица кај Кратово; Петковиќ или Славковиќ (1 к.) доселени исто така од селото Крилатица; Тасковиќ (1 к.) исто така од селото Крилатица; Каранфиловиќ (1 к.) од Крилатица; Станковиќ со Дојчиновиќ (2 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња; Јовановиќ со Алексиќ (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Јовановиќ со Левковски (1 к.) доселени исто така од Радибуш, а подалечно потекло од селото Трновац кај Кратово; Цветковиќ (2 к.) доселени од селото Кнежево кај Кратово; Богдановиќ или Митиќ (1 к.) доселени од селото Крилатица; Митковиќ (1 к.) доселени од селото Ранковце кај Крива Паланка; Трајчевиќ или Јовановиќ (1 к.) доселени од Крилатица; Стојановиќ (1 к.) исто така од Крилатица; Стефановиќ (1 к.) доселени од селото Пезово кај Куманово; Николиќ или Симоновиќ (1 к.) доселени од Вржогрнци кај Крива Паланка; Славковиќ (1 к.) и Каранфиловиќ (1 к.) доселени од селото Страцин; Кузмановиќ (1 к.) доселени од Трновац кај Кратово, со старо име Поповци; Китановиќ со Клупчарски (1 к.) доселени од Горно Кратово; Стојковиќ со Орашани (1 к.) доселени се од Трновац; Јовановиќ со Митковиќ (1 к.) доселени од Опила кај Крива Паланка; Тодоровиќ (1 к.) доселени од Вржогрнци; Ивановиќ со Величковиќ (1 к.) доселени од Страцин; Јовановиќ (1 к.) доселени од К'шање; Савинци со Пешиќ, Јовановиќ, Акимовиќ и Савиќ (3 к.) доселени се од Страцин, а подалечно потекло од околината на Врање во Србија; Јовановиќ Горге (1 к.) доселени од селото Куклица кај Кратово, а подалечно потекло од Шопско Рударе; Јакимовиќ (1 к.) доселени од Градец кај Крива Паланка; Јовановиќ Барзин (1 к.) доселени се од Страцин; Стојановиќ (1 к.) доселени од Габар кај Крива Паланка; Велковиќ (1 к.) доселени од Петралица кај Крива Паланка.[6]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Иванковци претставува доста активно политичко село во кое често се организираат разни политички средби и постојано се користат и политички простории од разни политички партии.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2192 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 623 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта

Во Иванковци е дигната спомен-плоча во чест на Стојан Бурчевски Буридан, и негово име носи и училиштето во Иванковци.

Редовни настани

уреди

Празникот Света Троица , селска слава, се слави редовно, секоја година.

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Огромен дел од муслиманското население е иселено во Турција.[6]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  7. Камен-темелник на црква во с. Иванковци
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди