Слатино (Тетовско)
Слатино — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Слатино | |
Координати 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГДКоординати: 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГД | |
Општина | Теарце |
Население | 4112 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1204 |
Шифра на КО | 28076, 28576 |
Надм. вис. | 475 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Ислатина со 64 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[2]
Според турски документи од 1628 година село Ислатине се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 39 семејства (ханета).
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слатино живееле 345 жители, од кои 275 Албанци и 70 Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатино имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 4.112 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 11 |
Албанци | 4.018 |
Турци | 0 |
Роми | 7 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 75 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.628 |
1953 | 112 | 1.605 | 1 | — | — | 1 | ... | 5 | 1.724 |
1961 | 88 | 1.870 | 46 | ... | ... | — | ... | 4 | 2.008 |
1971 | 85 | 2.591 | 22 | — | ... | — | ... | 9 | 2.707 |
1981 | 61 | 3.326 | 2 | 11 | — | — | ... | 22 | 3.422 |
1994 | 39 | 3.834 | — | 18 | — | 1 | ... | 1 | 3.893 |
2002 | 11 | 4.018 | — | 7 | — | 1 | — | 75 | 4.112 |
Родови:Уреди
- Родот Тркаљач (49 куќи) доселени во почетокот на XIX век од селото Топојане, кое се наоѓа во областа Љума, северна Албанија.[7]
РодовиУреди
Слатино е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Македонци: Урошовци (18 к.) најстари селски доселеници. Доселени се од неко— село во Овче Поле. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (четири семејства), Туденце, Теарце, Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство); Ѓоровци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Варвара. Таму припаѓале на родот Коачовци, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
- Албанци: Нузолар (18 к.), Акуље (11 к.), Адиловци (5 к.), Канче (16 к.), Топал (7 к.), Шкунделер (10 к.), Одолар (6 к.), Масалари (17 к.), Ибишовци (26 к.), Идризолар (17 к.), Амоќе (6 к.), Мале Зи (3 к.), Ајрадиновци (3 к.) нивното потекло е од северна Албанија, од Топојани во Љума, Малесија, итн. Некои од овие родови припаѓаат на фисот Красниќи; Рамадановци (6 к.), Имеровци (10 к.), Меметовци (47 к.), Кољовци (14 к.), Салепчи (3 к.) и Кољовци (14 к.) нивните куќи се наоѓаат во торбешкото маало. Нивното потекло е торбешко. Порано зборувале на македонски. Како место на потекло го наведуваат некое место Ќафа во Албанија, да не Ќафа кај граничниот премин во струшко?.[8]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 2017, 2018, 2019 и 2020 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.961 гласач.[10]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Црква „Св. Никола“ - Слатино[11] - оштетена за време на конфликтот од 2001
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Покрај наведените иселеници при описот на родовите, се знае и за следните иселеници од селото. Шоповци (4 к.) се иселиле во селата Лешок и Ратае. Нивното потекло било од Сириниќ во Косово. Богојевци (2 к.) се иселиле во Лешок и Теарце. Салија (1 к.) Албанец, се иселил во селото Непроштено.[8]
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.344
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 210.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Лешок треба да биде седиште на Полошко-кумановската епархија“. Дневник. Посетено на 2010-04-29.