Брушани
Брушани — село и викенд-населба во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Брушани | |
Поглед на викенд-населбата Брушани на брегот на Тиквешкото Езеро, дел од атарот на историското село | |
Координати 41°24′03″N 21°57′18″E / 41.40083° СГШ; 21.95500° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1430 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11005 |
Надм. вис. | 280 м |
Брушани на општинската карта Атарот на Брушани во рамките на општината | |
Брушани на Ризницата |
Денес, претставува одморалишна населба со летниковци на брегот на Тиквешкото Езеро. Селото е потопено при изградбата на Тиквешкото Езеро во 1960-тите години, а населението е префрлено во Кавадарци. Денес, Брушани е викенд-населба и има две цркви. Куќите се расположени по крајбрежен појас и, во поголема мера, на подолг полуостров Грнчаровец и Брушанскиот Остров северно од него, кој е населен. Иако има голем број летниковци за одмор и разонода, според пописот од 2002 г. селото има само двајца постојани жители.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, на северозападната страна на Тиквешкото Езеро, до коешто се протега и атарот на поранешното историско село.[2] Селото е сместено на околу 280 метри надморска височина.
Селото се наоѓа на пространа ниска тераса. Селото било христијанско и од чифлички тип. Не било поделено на маала.[3]
Во последниве десетина година, во атарот на раселеното село, е подигната викенд-населбата „Брушани“ крај Тиквешкото Езеро.
Историја
уредиСелото најпрвин постоело на друго место наречено Старо Село, од каде жителите побегнале во текот на XVIII век и се населиле на новата положба. На претходната положба на селото може да се најдат остатоци од куќи, како и Староселската чешма.[3]
Во текот на отоманскиот период, селото било од чифлички тип. Во селото имало три беговски кули.[3]
Во XIX век, Брушани било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Со изградбата на Тиквешкото Езеро во 1964-1968 г., селото Брушани е потопено, а жителите се иселени претежно во Кавадарци, каде постои Брушанско Маало.
Стопанство
уредиСелото нема развиена стопанска функција,[2] туку се занимавало повеќе со земјоделство.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брушани имало 190 Македонци христијани.[4][5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брушани имало 152 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е наполно раселено по 1981 година, кога броело 16 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Брушани имало 2 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 190 | 152 | 118 | 283 | 302 | 14 | 16 | 0 | 0 | 2 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКако родови во Брушани се споменуваат:[3]
- Старинци: Шиковци (5 к.)
- Постари доселеници: Кичевци-Мрчковци (1 к.) доселени биле на почетокот од XIX век од Кичевско; Ѓировци (3 к.) доселени биле средината на XIX век од селото Возарци; Пановци (1 к.) доселени биле средината на XIX век од селото Рибарци, подалечно потекло од селото Возарци; Атанасовци (2 к.) доселени биле од селото Праведник; Мијаковци (1 к.) доселени биле од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од мијачкиот крај; Маријовци (1 к.) доселени биле од селото Врпско во Мариово околу 1870; Курчевци (1 к.) доселени биле од селото Бегниште; Банџовци (1 к.) доселени биле од селото Ресава; Трипуновци (1 к.) доселени биле од селото Праведник; Куманичевци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево; Митревци-Колевци (2 к.) доселени биле од селото Праведник; Јанчевци-Јакововци (1 к.) доселени биле во 1911 година од селото Шешково; Ризовци (1 к.) доселени биле во 1913 година од селото Праведник; Поп-Андоновци (1 к.) и Кречовци (1 к.) потекнуваат од селото Зборско во Меглен.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која влегувале селата Брушани, Возарци и Шивец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Брушани се наоѓале селата Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште — утврдена населба од римското време;
- Овчаров Гроб — населба од доцноантичкото време;
- Старо Село — населба и некропола од доцноантичкото време; и
- Тиквеш — населба (опидум) од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Троица“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Недела“ — црква започната да се гради во 2013 година за задоволување на верските потреби во туристичката населба;[18]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 29 јануари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 434-436.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јануари 2018.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 јануари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 29 јануари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 144. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Ќе се гради црква на брегот на Тиквешкото Езеро по иницијатива на жителите“. Региони. 27 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 2013-03-21.