Чепигово
Чепигово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 22,5 килиометри југозападно од Прилеп.
ИсторијаУреди
Во близина на селото се наоѓаат остатоци од античкиот град Стибера, кој постоел од 3 век п.н.е. до 3 век од нашата ера.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чапуго и имало 50 семејства и 2 неженети, сите христијани.[2]
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чепигово живееле 73 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Чепигово имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година во Чепигово живееле 162 жители, од кои 160 Македонци и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 149 жители, од кои 144 Македонци, 1 останат и 4 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 73 | 80 | 146 | 188 | 216 | 197 | 218 | 186 | 167 | 162 | 149 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Чепигово е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Дебрешлиовци (6 к.) доселени се од селото Дебреште во XIX век; Билевци (5 к.) и Ртовци (4 к.), порано биле еден род доселени се во XIX век од селото Поешево во Битолско; Маријовци (1 к.) доселени се од Мариово; Белоцркванци (2 к.) доселени се после 1912 година од селото Бела Црква, таму се викале Прчковци; Илинци (2 к.) и Смилевци (1 к.) доселени се, првите од Илино (Големо или Мало), а вторите од Бабино во Железник.[11]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1505 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Бакарно Гумно — населба од бакарно и бронзено време
- Стибера (Бедем) — стар град од хеленистичко и римско време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.66
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ Brancoff, D.M.. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.