Петровец
- Оваа статија е за селото Петровец. За аеродромот, видете Аеродром Александар Велики.
Петровец (некогаш: Ибраимово) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Петровец | |
Улица во Петровец | |
Координати 41°56′20″N 21°36′54″E / 41.93889° N; 21.61500° EКоординати: 41°56′20″N 21°36′54″E / 41.93889° N; 21.61500° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Скопска Блатија |
Население | 2.659[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1043 |
Шифра на КО | 25108, 25608 |
Надм. вис. | 225 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Во просторот на истоимената општина во северниот дел на Македонија се наоѓа селото Петровец. Селото се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина, во Блатија, на двете страни на патот Скопје-Велес. Од градот Велес селото е оддалечено нешто повеќе од 30 километри, а од градот Скопје нешто повеќе од 10 километри во југоисточен правец. Петровец е седиште на општината, брои околу 2.660 жители од кои 2.312 се Македонци, од нив 1.185 биле мажи, а 1.127 жени. На југозапад од Петровец е градот Велес, на север е патарината „Петровец“ на автопатот А 4, на североисток е аеродромот Александар Велики, на северозапад е градот Скопје со населбите Хиподром и Маџари.
ИсторијаУреди
На крајот на XIX век, селото Ибраимово било дел од нахијата Блатија во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 г. во Ибраимово имало 170 Македонци-христијани.[2][3]
На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар на Бугарија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ибраимово (Ibraïmovo) живееле 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2] и во селото работело народно училиште.[4]
На крајот од 1904 г. во Ибраимово се одиграл битка меѓу четата на војводата Васил Аџаларски и турска потера, составена од аскер и башибозук. Четата ја зазела беговската кула во селото и во текот на ноќта со бомби успеала да го пробие турскиот кордон.[5]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Ибраимово (Ibraimovo) како село со нејасен етнички состав, меѓу двете светски војни.[6]
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петровец живееле 170 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петровец имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Во 1961 година во Петровец живееле 966 жители, од кои 784 Македонци, 38 Албанци, 7 Турци, 104 Срби и 33 останати. Во 1994 година во Петровец живееле 2.490 жители, од кои 2.154 Македонци, 44 Албанци, 29 Роми, 116 Срби и 147 други.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.659 жители и 703 домаќинства. Населението се состои од 2.312 Македонци, од кои 1.185 машки Македонци и 1.127 женски Македонци, потоа 53 Роми, 67 Албанци, 99 Срби, 118 Бошњаци и 10 останати. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2.312 |
Турци | 0 |
Роми | 53 |
Албанци | 67 |
Власи | 0 |
Срби | 99 |
Бошњаци | 118 |
останати | 10 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 580 |
1953 | 575 | 18 | 14 | — | — | 41 | — | 5 | 653 |
1961 | 784 | 38 | 7 | — | — | 104 | — | 33 | 966 |
1971 | 1.251 | 21 | 1 | — | — | 76 | — | 48 | 1.397 |
1981 | 1.830 | 57 | 1 | 25 | — | 84 | — | 19 | 2.016 |
1991 | 2.107 | 21 | 3 | 44 | — | 133 | — | 123 | 2.431 |
1994 | 2.154 | 44 | — | 29 | — | 116 | — | 147 | 2.490 |
2002 | 2.312 | 67 | — | 53 | — | 99 | 118 | 10 | 2.659[1] |
Населението низ историјатаУреди
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[8] | 1905[9] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 170 | 160 | 580 | 653 | 966 | 1.397 | 2.016 | 2.431 | 2.490 | 2.659[1] |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
ЛичностиУреди
- Цветан Трипуновски (р. 1980) — Директор на ДФЛ (2006-2008), пратеник (2008-2011) и Директор на Државниот инспекторат за земјоделство и Министер за земјоделство (2015-);
Култура и спортУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Снегаров, Иван. Васил Аджарларски, Родина (Скопие), г. III, бр. 660, 8 юли 1918, с. 2.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врскиУреди
„Петровец“ на Ризницата ? |