Лупште
Лупште — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Лупште | |
![]() Поглед на селото Лупште | |
Координати 41°39′30″N 21°7′50″E / 41.65833° СГШ; 21.13056° ИГДКоординати: 41°39′30″N 21°7′50″E / 41.65833° СГШ; 21.13056° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 38 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03030 |
Надм. вис. | 950 м |
Слава | Петровден |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 918 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на обработливото земјиште 11 хектари.[2]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Историја уреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 23 семејства и 2 неженети, сите христијани.[3]
Во XIX век, Лупште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и собирање на планински плодови. Селото е познато по костенот како плод, па на есен селото живнува затоа што сите се вратени со цел да собираат костени.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лупште имало 286 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лупште имало 320 жители.[5]
Селото во 1961 година било средно по големина со 327 жители, но во 1994 година преминало во мало со 90 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лупште имало 67 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 35 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 286 | 320 | 460 | 396 | 327 | 270 | 159 | 119 | 90 | 67 | 38 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови уреди
Лупште е македонско село.
Родови во селото се: Мартиновци (43 к.), еден дел од родот се вика Секуловци, а другиот Пејовци. Доселени се од Меркулија, Прилепско, измеѓу Дебреште и Кошино; Богојевци (20 к.), по едно предание Богоја прв се доселил во селото од Прилепско, а по второто предание тој дошол од Прилепско како слуга кај Мартин (Мартиновци). Во Зркле тврдат дека сите родови во Лупште се доселени од Закамен.[12]
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Лупште се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачко место бр. 0258 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви[16]
- Црква „Св. Петар и Павле” — главна селска црква
Редовни настани уреди
- Петровден — главна селска слава
Личности уреди
- Родени во Лупште
- Зафир Премчев (1872-1937) — војвода
- Стефан Петревски — војвода
- Михајле Дукоски (1921-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Бранко Петрески (1912 - 1945) — загинат во НОБ.[17]
- Бранко Ристески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[17]
- Лубе Столески (1919 - 1944) — загинат во НОБ.[17]
- Илија Столески (1924 - 1943) — загинат во НОБ.[17]
Иселеништво уреди
Жителите коишто останале во селото се многу малку, речиси на прсти се бројат, но во последните години се забележува градење на викендици и активно посетување на селото за време на летниот период.
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 184. Посетено на 23 октомври 2017.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.219
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 октомври 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 326–327.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Манастиречка парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 23 октомври 2017.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)