Брест (Скопско)
Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.
ИсториjaУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — доцноантички кастел спекула и збег;
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Албанци.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.[2]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240[1] | 1.778 | 1.886 | 1.782 | 1.434 | 1.061 | 1.158 | 569 |
РодовиУреди
Брест е албанско село.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.
- Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[4]
ИселеништвоУреди
Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[4]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Брест на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |