Горно Соње
Горно Соње (познато и како Горно Солње) — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Каршијак, во јужното подножје на планината Водно. Горно Соње е едно од највисоките села во Општина Сопиште на надморска височина од 850-1024 метри кај црквата „Св. Никола“. Оддалечено е 11 километри јужно од Скопје.
Во крајниот југоисточен дел на атарот се наоѓало некогашното село Слатина.
Историја уреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 69 христијански семејства и 5 вдовици христијани.[2]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Соње живееле 254 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Соње имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 219 жители, од кои 207 Македонци, 9 Срби и 3 други.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 362 жители, од кои 290 Македонци, 1 Влав, 7 Срби, 3 останати и 61 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 254 | 320 | 586 | 476 | 381 | 239 | 182 | 124 | 113 | 219 | 362 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови уреди
Горно Соње е македонско православно село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[11]
- Староседелци: Младеновчиња (3 к.) и Дудукој (4 к.) порано чинеле еден род; Стојаној (21 к.) во овој род била омажена и некоја жена од Бутел, и по неа сега еден дел од родот се вика Бутљевчиња. Други дела од овој род се викаат Поповци, Несторовци и Ѓорчеј; Тутуној (10 к.); Бачој (5 к.) имаат прекар и Мечкари. Но не знаат како го добиле; Кочиовци (4 к.).
- Доселеници: Милевци (14 к.) доселени се од некое место во Дебарско. Ги викаат и Дебрани. Основачот на родот е доселен како домазет; Младеној (3 к.) порано биле еден род со споменатите Милевци; Патлиџаној (4 к.) доселени се од Кумановско; Павлевчиња (2 к.) доселени се од селото Кучково. Крлевче (1 к.) доселени се од Кумановско. Шетаре (1 к.) доселени се од селото Јаболци. Куќа им направиле Младеновци и така се останати овде.
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од средновековието, подоцна обновена
Личности уреди
- Родени во Горно Соње
- Богоја Стојанов (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Добре Боневски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Драга Божинова (1923-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Трпевски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Киро Стојановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Најдо Стојановски (1917-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.488
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски уреди
- Сателитска снимка на Горно Соње на Карти на Гугл