Мургаш

село во Општина Куманово

Мургаш — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Мургаш

Воздушен поглед на селото Мургаш

Мургаш во рамките на Македонија
Мургаш
Местоположба на Мургаш во Македонија
Мургаш на карта

Карта

Координати 42°4′19″N 21°53′57″E / 42.07194° СГШ; 21.89917° ИГД / 42.07194; 21.89917
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Област Овче Поле
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1304
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17065
Надм. вис. 500-620 м
Мургаш на општинската карта

Атарот на Мургаш во рамките на општината
Мургаш на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, во средното сливно подрачје на Крива Река, од нејзината десна страна.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 500 до 620 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 24 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1204 во близина на селото Скачковце.

Куќите на ова село се наоѓаат на висорамнина висока околу 550 метри. Висорамнина се простира западно од Мургаш, додека на исток се издигнува гребен висок околу 855 метри. Околни села се Косматац, Довезенце и Кутлибег. Во минатото, водата за пиење се добивала од извори и од бунари. Во селото и во атарот постојат слаби извори, кои се соѕидани во чешми, како Старо Село, Стара Чешма, Витанова Чешма, Милево Кладенче, Црвена Нива, Клисура, Ѓунци, Пешева Чешма, Два Бреста и Млака.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Било, Степанова Чука, Липац, Кула, Старо Градиште, Илиица, Спасевица, Чука, Врањак, Стари Лозја, Смрк, Средни Дел, Длагче, Поле, Стари Гњила, Грбавица, Грамада и Штрбовац.[3]

Мургаш има разбиен тип, а некои маала се наречени по родовите како Јовчевско, Пауновско, Марчевско, Банковско и други.[3]

Историја

уреди
 
Стара куќа во селото

Возвишението Старо Градиште се наоѓа надвор од селото и за него мештаните кажуваат дека имало ѕидишта и дека постои нешто како манастир. Меѓутоа, денешните мештани таму не вршат никаков обичај или обред.[3]

Мургаш зазема погодно земјиште за стопанство, поради што во него живееле влашки сточари.[3]

Традицијата наведува дека денешните села Мургаш и Довезенце биле доста стари населби, основани од двајца браќа. Од основачот на Мургаш има околу 60 домаќинства.[3]

На месноста Старо Село во денешното Марчевско Маало некогаш биле куќите на сите стари селски родови, но тоа село било мало (10-20 куќи). Подоцна, ова било напуштено и биле основани денешните бројни маала. Таму се наоѓаат камен крст и бунар.[3]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Вилает Кратово од 1618-1619 година селото е забележано, дека Мургаш има 36 домаќинства.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 10,9 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 517 хектари, на пасиштата отпаѓаат 514 хектари, а на шумите само 12 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

За време на отоманскиот период, селото главно било раатско, а само малку земја била чифлиг-сахибијска.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948561—    
1953614+9.4%
1961546−11.1%
1971455−16.7%
1981246−45.9%
ГодинаНас.±%
199194−61.8%
199487−7.4%
200263−27.6%
202111−82.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мургаш живееле 362 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мургаш имало 416 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Од Мургаш се иселил значителен број од неговото население, па така селото во 1961 година броело 546 жители, а во 1994 година само 87 жители, од кои 84 биле Македонци, а тројца жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мургаш живееле 63 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 8 Македонци и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 362 416 561 614 546 455 246 94 87 63 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Мургаш е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Јовчевци (10 к.), Пауновци (10 к.), Долномалци или Манојловци (10 к.), Банковци (7 к.), Бачевци (6 к.), Пешевци (6 к.) и Петревци (4 к.). Се зборува дека сите наведени родови потекнуваат од ист предок, кој порано живееле во месноста Старо Село.
  • Доселеници: Марчевци (14 к.) и Котливарци (4 к.), доселени се, но не знаат од каде; Дошлаци (4 к.), доселени се од некое село во околината на Врање. Од споменатото место на старина се иселиле тројца браќа. Еден од браќата дошол во Мургаш, вториот се иселил во селото Градиште (таму 9 к.), а третиот во селото Кучкарево (4 к.). Нивното иселување од околината на Врање се случило во периодот 1810-1840 година.

Иселеништво

уреди

Стари иселеници има во одредени кумановски села, како што се Мургашанци (10 к.) во Шупљи Камен, Пајковци (3 к.) во Скачковце, Николчевци (3 к.) во Бељаковце, Манојловци (3 к.) во Кучкарево, Гушљеви (3 к.) во Зубовце, Мургашанци (2 к.) во Довезенце, Поповци (1 к.) во Јачинце, Урошеви (1 к.) во Доброшане, Сандеви (1 к.) во Габреш и Кузе (1 к.) во Колицко. А во поново време иселеништвото се одвивало во градовите Куманово и Скопје.[3]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Мургаш било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Мургаш, се наоѓале и селата Бељаковце, Довезенце, Зубовце, Јачинце, Клечевце, Косматац и Новоселани. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Довезенце, во која влегувале селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Мургаш.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1150 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Манастири
Споменици
  • Спомен-плоча за НОБ на селска чешма

Редовни настани

уреди
Селски слави[3]

Мештаните во минатото имале занимлив обичај, кога празнувале секој четврток помеѓу Велигден и Духовден и тогаш не работеле во полето. Истото ова како обичај го има и во селото Димонце.

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Мургаш

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 203.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 170–172.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 255.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 215
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јануари 2024.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-01. Посетено на 1 јануари 2024.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 216. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди